Која е арапската убавица која го залуди Роналдо?(фото) - Канал 5

Која е арапската убавица која го залуди Роналдо?(фото)

 Еве зошто Георгина направи сцена! 

Која е арапската убавица која го залуди Роналдо?(фото)

Медиумите со денови зборуваат за саудиската новинарка Фатме Фахад која ја воодушеви португалската фудбалска ѕвезда при неговото пристигнување во Ријад, но која, од друга страна, ја разбесни неговата сопруга Георгина.

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо неодамна потпиша договор со саудискиот клуб Ал Наср и се пресели со семејството во оваа затворена арапска земја. Иако за време на пречекот на стадионот Марсул Парк неговата сопруга Георгина Родригез стоеше покрај фудбалерот, тој не можеше да го скрие воодушевувањето од атрактивната Фатма, а тоа го забележа и острото око на камерата.

@pelucheshowtv GEORGINA RODRÍGUEZ SE PUSO CELOSA AL VER A CRISTIANO RONALDO POSAR CON PRESENTADORA EN ARABIA. #cristianoronaldo #ALNASR #georginarodriguez #españa #portugal #ronaldo ♬ Astronomia - Chiky Dee Jay
@pelucheshowtv GEORGINA RODRÍGUEZ SE PUSO CELOSA AL VER A CRISTIANO RONALDO POSAR CON PRESENTADORA EN ARABIA. #cristianoronaldo #ALNASR #georginarodriguez #españa #portugal #ronaldo ♬ Astronomia - Chiky Dee Jay

Фотографијата што ја направи Роналдо со новинарката и нејзиниот колега Турки Ал Шадид го обиколи светот, а ретко кој не ја забележа реакцијата на Георгина поради однесувањето на Роналдо. Таа беше видно нерасположена, а нејзиниот поглед кажуваше повеќе од илјада зборови.

Инаку, таа е новинарка на ТВ Ал Арабија, која во медиумските кругови на својата земја успеа да се промовира благодарение на нејзината харизма и поради тоа што „камерата ја сака“. Освен тоа, завидно е нејзиното образование, бидејќи дипломирала меѓународна бизнис администрација и магистерирала менаџирање со проекти и информации на американски универзитет. Покрај мајчиниот арапски, течно зборува и германски и англиски јазик.

Не се знае кога точно е родена, но како што пренесуваат некои арапски медиуми, таа има околу четириесеттина години. Таа е во брак со стоматологот Абдулазиз Ал Сахаф, и парот има две деца - синовите Сулејман и Ал Џуди.

Сепак, како што пишуваат саудиските медиуми, таа не сака да ги промовира своите синови, додека нејзиниот сопруг ѝ е голема поддршка во јавниот живот.

Секако, ситуацијата од стадионот не остана незабележана и од корисниците на Твитер и ТокТок, кои ја прокоментираа реакцијата на Георгина.

- Тој знае дека втора сопруга е дел од нивната култура/религија -

- Која од нив двете е поубава... првата делува многу налутено -

- Новинарката е многу поубава –

- Изгледа како да ќе ја убие -

– Нејзиниот изглед убива – коментираа корисниците на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомври

По речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.

Распишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомври

Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење.

-Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата.

-Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“

Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата.

-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“

-Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“

Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Пет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Пациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска.

Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош.

На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер