Кој не смее да јаде цвекло? - Канал 5

Кој не смее да јаде цвекло?

 – Некои луѓе не би требало ни да го пипнат!

Кој не смее да јаде цвекло?

Иако е прва опција за подобрување на крвната слика, но и на целокупното здравје на

организмот, овој вид зеленчук може да биде сериозен проблем за поединци.

Цвеклото често се препорачува како задолжителен зеленчук во исхраната. Меѓутоа, тоа не

значи дека сите смеат да го консумираат, и никако не се препорачува за луѓе кои имаат

проблем со бубрезите, низок притисок или се дијабетичари.

Корисните својства на цвеклото се бројни, и на здравите луѓе им се препорачува да јадат по

300 грама цвекло дневно.

Цвеклото содржи минерали на калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор,

манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром...

Исто така, тоа изобилува со витамини, а најприсутни се Б1, Б2, Ц, како и исклучително реткиот

витамин во билната храна, Б12. Добро е за работата на црниот дроб, го забрзува

метаболизмот, па се препорачува при слабеење, а има само 400 калории во 100 грами цвекло.

Благодарение на антиоксидансите, редовното консумирање свежо цвекло ги отстранува

токсините во организмот и го намалува холестеролот. Освен тоа, овој зеленчук помага во

нормализирање на месечниот циклус, ги зајакнува коските и зглобовите, ја подобрува

активноста на кардиоваскуларниот систем, ги обновува клетките на црниот дроб и го

подобрува видот.

Меѓутоа, иако цвеклото има бројни придобивки за здравјето, сепак одредена група на луѓе не

треба да го консумираат, зашто кај нив предизвикува проблеми со здравјето.

Еве кои лица не треба да го консумираат:

- Лица кои имаат гастритис и чир на желудник – бидејќи цвеклото го стимулира

создавањето на желудочниот сок.

- Лица кои страдаат од уролитијаза (оксалати) – може да придонесе до создавање на

камен во бубрезите.

- Лица кои имаат дијареа и синдром на иритабилно црево – може да ги засили

симптомите.

- Лица со дијабетес (особено тип 2) – вареното цвекло има висок гликемиски индекс,

што може да го покачи нивото на шеќер.

- Лица со хипотензија – цвеклото може прекумерно да го снижи крвниот притисок.

- Лица со алергии – симптомите вклучуваат црвенило на кожата, чешање и проблеми со

дишењето.

- Лица кои примаат лекови за снижување на притисокот и спречување на згрутчување на

крвта – цвеклото го намалува притисокот.

Симптоми како дијареа, мачнина и болки во стомакот може да бидат показател дека треба да го намалите внесувањето на цвекло, пренесува Пептико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија на нафтена платформа во државата Апуре, Венецуела. Повредените се префрлени во Колумбија на лекување.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти.

Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс.

„PDVSA“ не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за дополнителен коментар за експлозијата на нафтената платформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Турција очекува единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО во Анкара следниот месец, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс.

Анкара ќе биде домаќин на самит на 32 лидери на земјите-членки на НАТО, како и претставници од земјите-партнери во Персискиот Залив, Азија и Пацифичкиот регион, на 7 и 8 јули, во услови на тензии во рамките на алијансата околу поделбата на товарот, трошоците за одбрана и поплаките на САД за недостатокот на учество на сојузниците во повторното отворање на Ормутскиот теснец за време на војната меѓу САД и Израел со Иран.

„Нашето главно очекување од самитот е да се постигнат резултати што ќе ја заштитат националната безбедносна чувствителност на сојузниците и ќе го зајакнат духот на солидарност и единство на алијансата“, рече Ердоган на настан во Истанбул за парламентарците од земјите-членки на НАТО.

Турскиот лидер рече дека сојузниците ќе разговараат и за војните во Иран, Украина и Појасот Газа за време на состанокот, додавајќи дека официјална Анкара очекува поголема поддршка од сојузниците во напорите за ставање крај на повеќе од 40-годишното востание на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК) и вклучување на Турција во европските одбранбени планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Денешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик. 

 Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Прво би сакал да напоменам дека ваквата најава од господинот Венко Филипче е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање.

Втората работа, сметам дека Венко Филипче преку најавата за блокада на Изборниот законик, бара можно оправдување, алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат.

Третата работа е многу симптоматична и тоа е прашањето дали Венко Филипче ја следи Левица во нејзините ставови. Бидејќи денес имавме најава од Левица за можна блокада и филибастеринг на овој закон од Реформската агенда, а потоа следува потврдата од Венко Филипче којшто се обидува да го имитира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано, останува да одговори претседателот на СДСМ.

И последната поента што сакам да ја упатам, како една остра критика до претседателот на СДСМ, којшто многу често знае реторички да ја истакне важноста на граѓаните на Македонија, без разлика каде живеат, дали во државата или во дијаспората, е што токму овој Изборен законик предвидува електронско гласање на дијаспората согласно моделите коишто ги видовме во Француската Република и во Република Естонија. Ваквото електронско гласање на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање на изборите за претседател на државата и нивното учество со гласање за избор на пратеници.

Но, предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал, не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните во Република Македонија. Се забележува и преку неговиот пристап кон нашите содржавјани коишто живеат надвор од границите на Македонија. За жал, со ваквиот однос веројатно господинот Филипче ќе ги изгуби и следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат, но многу е непромислено што со ваквите потези краткорочно можеби наоѓа за себе алиби, но долгорочно ѝ прави штета на Република Македонија. Прво, по однос на нашата Реформска агенда пред Европската комисија и второ, по однос на таа нераскинлива врска на македонските иселеници со матичната држава преку можноста и уставното право тие да гласаат на секои избори.

YouTube video

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер