Кој ќе владее со кошаркарска Европа - Фенербахче, Олимпијакос, Валенсија или Реал?! - Канал 5

Кој ќе владее со кошаркарска Европа - Фенербахче, Олимпијакос, Валенсија или Реал?!

Сè е подготвено за фајналфорот на Евролигата.

Кој ќе владее со кошаркарска Европа - Фенербахче, Олимпијакос, Валенсија или Реал?!

Атина е подготвена за нов кошаркарски спектакл ! Започнува фајналфорот на Евролигата, кој ќе одлучи за освојуваќот на највредната кошарксрака круна во Европа трофејот од Евролигата.

Салата ОАКА во грчката престолнина ќе биде преполна, картите одамна се продадени, а атмосферата сигурно ќе наликува на вулкан што ќе еруптира.

Битката за европскиот трон ја започнуваат великаните Олимпијакос, Фенербахче, Реал и големото изненадување Валенсија.

Само еден ќе го подигне пехарот и ќе влезе во историјата!

Првото полуфинале носи вистинска војна меѓу лутите вечни ривали од Грција и Турција, Олимпијакос ќе се обиде да го срушу бранителот на титулата Фенербахче. Целта на Олимпијакос е јасна - конечно да го прекине постот што трае 13 години и да ја врати титулата во Пиреја.

Тие долго време се меѓу фаворитите, секогаш блиску, но трофејот постојано им се лизга од рацете. Сега нема повеќе изговори. Црвено-белиот дел од Грција ја очекува европската круна!

Второто полуфинале носи шпанска пресметка која најавува голема драма.

Фаворизираниот Реал мадрид ќе се обиде да ја победи сензацијата на Фејнлфорот Валенсија. Кога доаѓаат големите натпревари, Реал речиси секогаш наоѓа начин да преживее. Искуство, трофеи и свежина - ова се нивните најсилни оружја.

Но, оваа година има некој што не сака да биде само набљудувач! Валенсија игра сезона од соништата и за прв пат во својата историја стигна до завршната четворка од Евролигата.

Полуфинале

Олимпијакос - Фенербахче 17.00 часот

Валенсија - Реал 20.00 часот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, лишени се од слобода три лица

На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, лишени се од слобода три лица

Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото.

Во врска со настанот, на 10.08.2026 во периодот од 20:00 до 22:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претрес во домот и помошните простории на Д.С.(44) во Тетово. При претресот се пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 мм, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка, а поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 и сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик од слобода е лишена Ф.С.(58) од Тетово.

Исто така, во врска со настанот, во 23:40 часот во СВР Тетово сама се пријавила Ф.С.(31) од Тетово. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи.

Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според достапните информации, таа постои околу 30 години.

Сепак, секоја локација која претставува потенцијален еколошки проблем треба соодветно да биде третирана и расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје.

Во однос на безбедноста на водата, контролите се вршат континуирано. Секојдневно се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Изворот „Рашче“ е под 24-часовен надзор и обезбедување, со воспоставени мерки за заштита на извориштето, вклучително и видеонадзор и физичко обезбедување на просторот.

Ги повикуваме граѓаните да се потпираат на официјалните информации и резултатите од лабораториските анализи, а не на непроверени информации и шпекулации кои можат непотребно да создадат страв и паника.

Водата што ја пијат скопјани е безбедна.

Здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет и за нив нема место за компромиси. Доколку постои каков било реален ризик, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Завршена фазата на поставување енергетско-ефикасно осветлување во Бардовци

Во рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување.

Општина Карпош: Завршена фазата на поставување енергетско-ефикасно осветлување во Бардовци

На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци.

Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетско-ефикасни светилки, исто така со можност од 35 вати.

Новото осветлување ќе придонесе до подобра видливост на јавните ппвршини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасно користење на електричната енергија, преку примена на современи и енергетски ефикасни решенија.

Општина Карпош продлжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на својата територија.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер