МакедонијаКој ќе го наследи Коцевски, конкурсот за нов Јавен обвинител трае уште денескаЧетири кандидатури за нов државен јавен обвинител до овој момент се поднесени во Собранието, информираше собраниската прес-служба. Рокот за огласот за наследник на Љупчо Коцевски истекува вечерва на полноќ. Од нив досега официјално за Канал 5 кандидатурите ги потврдија обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ, како и поранешниот судија и екс претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Поранешниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, пак, иако првично најави дека ќе се пријави за функцијата, сепак, за Канал 5 изјави дека се премислил и нема да влегува во трката за нов републички обвинител. Според обвинителката Раичевиќ ова е сериозна функција која бара исклучителен професионален габарит и смета дека таа има многу што да понуди како прв човек на државното ЈО. -Јас поднесов документи да конкурирам за ова високо место и функција од причини што сметам дека е должност за некој којшто работи толку години во обвинителството и кој согледува еден многу важен момент за обвинителската институција да се изложи со својот габарит, професионален квалитет и капацитети да може да придонесе за подобрување на состојбите во институцијата. Моите очекувања се големи, исто како и на јавноста. Се надевам дека Советот за јавни обвинители ќе ги има предвид и другите објективни критериуми, тоа се години на искуство, години на поминат стаж, образованието, изјави Раичевиќ за Канал 5. И Панчевски е уверен во своите капацитети и долгогодишно искуство за да ја води највисоката обвинителска функција. Контроверзите во минататото и затворската казна на која беше осуден како екс претседател на Кривичен за злоупотреби при распределбата на предмети не го смета за пречка во процесот, туку вели дека се користат за негова дискриминација во јавноста. -Сметам дека ги исполнувам сите законски услови од општите до посебните услови во нив се бара над десет годишно искуство и стаж на работа во кривична материја како судија или како јавен обвинител. Во однос на тоа какво ќе биде мислењето на Советот на јавни обвинители мислам дека процедурата е формално правна, во однос на тоа што се споменува за осуди и нешто од тој аспект, тоа не е дел од процедурата и го осудувам она што некои медиуми пробаа да го лиферуваат овие денови дека сум бил осудуван, тоа се дикскриминаторски аспекти, не се општи ниту посебни услови за кандидатура, вели Панчевски за Канал 5. Како можни кандидати за прв човек на државното обвинителство во јавноста се споменуваат и имињата на Владимир Милошевски од Вишото јавно обвинителство и актуелната в.д. обвинителка која го замени Коцевски Анита Тополова. Во игра неофицијално се и обвинителите Златко Биковски и Јован Цветановски. Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство.. Секој од канадидатите ќе биде оценет од Советот на јавни обвинители кој списокот со имиња ќе го испрати до Владата. Таа ќе треба да одбере еден од позитвно оценетите и да го предложи на Собранието како кандидат за нов државен јавен обвинител. За негов избор потребни се најмалку 61 пратенички глас. Тагови: Јавен обвинител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКако да знаете дали психотерапијата делува? Пет јасни знаци дека постои напредокЗа да се одлучите за психотерапијата потребно е длабоко преиспитување на сопствените слабости и вредности, соочување со болните искуства и трауми. Целта на терапијата не е само ублажување на тегобите, туку и унапредување на односот со себе и луѓето од околината. Не постои универзално правило за тоа колку време е потребно за да се видат првите резултати, секоја личност е различна, како и проблемите поради кои бара стручна помош, па напредокот се одвива со различно темпо. Се чувствувате подобро во секојдневниот живот Еден од најочигледните показатели дека терапијата делува е фактот дека се чувствувате подобро од ден на ден. Некогаш ваквата промена е воочлива, а некогаш доаѓа постепено. Може да забележите дека секојдневните обврски не ве оптоваруваат толку или дека проблемите што некогаш ви изгледале нерешливо, полека стануваат појасни. Внатрешниот критичар не е толку гласен, а светот околу вас почнува да ви изгледа попријатен. Многу луѓе почнуваат да уживаат во работи што некогаш ги радувале, стануваат поприсутни во сегашниот момент, наместо стално да размислуваат за минатото и да се грижат за иднината. Имате чувство дека терапевтот ве разбира и ве поддржува Терапевтот не е пријател што секогаш ќе ви го кажува она што сакате да го чуете. Тој помага да ги согледате проблемите од друг агол и создава сигурна средина во која можете отворено да зборувате за своите чувства, ве поттикнува да се соочите со непријатни теми или да го промените начинот на размислување. Согледувате обрасци на однесување за кои порано не сте биле свесни Секој од нас има „жолта минута“, однесување кое може да биде штетно и непродуктивно, а за кое не сме свесни. Кога ќе ги препознаете реакциите што не ви користат, се отвораат нови можности за здрави одлуки, се соочувате со сопствените слабости. Токму тогаш се доаѓа до момент на ненадеен увид, момент кога многу ситуации од минатото конечно добиваат смисла. Односите со другите луѓе стануваат поквалитетни Напредокот во психотерапијата се одразува на односите со партнерот, членовите на семејството, пријателите и колегите. Кога ќе почнеме да ги разбираме сопствените емоции, да учиме да се соочиме со стресот на поздрав начин, се менуваат нашите реакции кон другите луѓе. Ова не значи дека односите ќе станат совршени, туку ќе забележите дека имате повеќе трпение, разбирање и емпатија. Полесно ги решавате несогласиците, појасно поставувате граници и помирно реагирате во конфликтни ситуации. Постепено ги напуштате нездравите обрасци на соочување со проблемите Не е секогаш потребно детално да се анализира секоја траума од детството, но важно е да се разбере како се појавиле одредени модели на однесување што сме ги развиле за да се заштитиме. Според психолозите, некои луѓе стануваат премногу гласни и импулсивни како одговор на стресот, додека други се повлекуваат, избегнуваат конфликти или постојано бараат одобрение од другите. Со текот на времето, ваквите модели стануваат автоматски и несвесни и можат да продолжат во зрелоста, иако повеќе не ни служат. Кога ќе почнете да ги препознавате и постепено да ги менувате, ова е еден од најважните индикатори дека психотерапијата функционира. Ослободувањето од долгогодишните нездрави модели бара време, но носи поголема независност, подобро ментално здравје и поголемо задоволство од животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлександар Николоски во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Александар НиколоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСе рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоциАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без домАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом. Државната енергетска компанија „Џорџија Пауер“ со поддршка на државата планира да сруши околу триесет куќи и да преземе стотици парцели, а сопствениците кои одбиваат да ги продадат им се заканува одземање на домот, објавува „Futurism“. Инфраструктура за центри за податоци Проектот е одговор на растечките енергетски потреби на технолошката индустрија и доаѓа во време кога десетици градови низ САД се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци поради нивната огромна потрошувачка. Планираниот далновод ќе биде долг 1.600 километри и ќе пренесува речиси 10.000 мегавати електрична енергија од новата електрана. Според официјалните бројки, дури 80 проценти од оваа енергија е наменета за центри за податоци, додека остатокот треба да се дистрибуира до локалните фирми и домаќинства. „Џорџија Пауер“ нуди откуп на земјиштето, но ако преговорите не успеат, ќе се случи присилен откуп на имотот повикувајќи се јавен интерес. Жителите, претежно од руралните делови на Џорџија, се противат на планот да ги напуштат домовите за да се обезбеди простор за инфраструктурата што ќе ги напојува системите на вештачка интелигенција. Една од нив, Ансли Браун, чија семејна куќа е на патот на далноводите, таа се огласи на социјалните медиуми за да предупреди за тешката состојба на нејзината мајка. „Немаме избор тука. Ќе ги продолжат тие далноводи“, порачува таа преку видео на Инстаграм. „А зошто? Поради центрите за податоци. Сето ова се случува поради нив.“ Судбината на жителите е неизвесна Портпаролот на Брајан Џек, локален конгресмен и поранешен политички директор во Белата куќа за време на мандатот на Доналд Трамп, за “Fortune“ потврди дека добиле бројни повици за помош од жители со чии имоти управува „Џорџија Пауер“. Округот на Џек вклучува голем дел од засегнатиот имот. Во случајот со семејството на Ансли Браун, приказната се чини дека е завршена. „Џорџија Пауер“ ги заврши преговорите со семејството, иако деталите за спогодбата не се јавни, веројатно поради доверлив договор. Не е познато до кој степен претставникот интервенирал, но компанијата за електрична енергија соопшти дека го цени неговиот ангажман за интересот на граѓаните. За другите сопственици на куќи, иднината е неизвесна и останува отворено прашањето колку трпение ќе има „Џорџија Пауер“ додека технолошката индустрија бара сè повеќе ресурси за развој на вештачка интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09