Кој го партизирал, а кој ги кочи реформите, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за состојбите во правосудството - Канал 5

Кој го партизирал, а кој ги кочи реформите, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за состојбите во правосудството

Најави за промени во правосудството и обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој го партизирал, а кој ги кој ги кочел реформите се дел од предизборната реторика помеѓу двете партии. 

Кој го партизирал, а кој ги кочи реформите, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за состојбите во правосудството

Најави за промени во правосудството и обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој го партизирал, а кој ги кој ги кочел реформите се дел од предизборната реторика помеѓу двете партии. Мицкоски од Струга обвини дека опозициските партии бараат спас од одговорност во криминалното судство. Филипче пак возврати дека за состојбите во судството е одговорна власта, која на речиси половина од мандатот не сповела ниту една реформа.

„СДСМ и ДУИ грчевито ќе се борат за спас во корумпираното судство и обвинителство, бидејќи тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Од месечинатa се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата стана судството и обвинителството кое ги штитат СДСМ и ДУИ како бели мечки. Нема ниту еден случај во институциите, кој што сме го предочиле, обезбедиле докази, а да заврши со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер“– Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може премиерот да ја префрла одговорноста. Одговорноста за неспроведување на реформите е екклузивно кај него лично и во неговиот тим. Требаше да се донесат 12 закони годинава, а не е донесен ниту еден, не е ниту поднесен во Собранието. Се што сакаат е да го контролираат судството, да зачуваат свои роднини, свои пријатели, сопружници на градоначалници, на нивни коалициски партнери и роднини, се со цел да имаат свои луѓе и да може да влијаат на судски процеси. Ништо повќе не сакаат од тоа“– Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Жешка тема во првите денови од кампањата се и евроинтеграциите и понудената резолуција. Од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања дека црвените линии на Филипче се најава за ново предавтсво на националните интереси и обид за спас на лидерската позиција во СДСМ. За Филипче пак ваквите тврдења се обид за спин од власта, која избегнува државничка одгворност и намерно ги кочи евроинтеграциите на земјава за лични и партиски интереси.

„Дали Венко Филипче лажеше 2024 година кога кажа дека дипломатијата победила со прифаќањето на францускиот предлог или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии за заштита од истиот француски предлог којшто е целосно во корист на источниот сосед. Сметаме дека ваквите изјави и изменети ставови на Филипче, не се порака до македонските граѓани, туку се порака до соседна Бугарија, бидејќи Венко Филипче се надева дека источниот сосед или некој меѓународен актер ќе му помогне да дојде на власт, или барем да ја задржи водечката позиција во СДСМ, “– Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Еднставно не сакаат да го продолжат европскиот пат на земјава, што е во позадина дали се кријат влијанија на други држави тоа доправа ќе го видиме следниот период. Јасен е нашиот предлог во предлог-резолуцијата се содржани сите предлог документи и резолуциии, вклучувајќи го и Францускиот предлог, во којшто јасно кажуваме како се заштитени сите идентитетски одредници. Јасно кажуваме кои се нашите црвените линии, ги повикуваме сите партии да ја донесеме таа резолуција заедно, за конечно да обезбедиме национален консензус“ -– Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Продолжија и преписките околу тоа кој со кого правел сојузи пред,избори. Мицкоски обвинува за како што ја нарече, колиција за пари меѓу СДСМ, ДУИ и Левица, Филипче демантира и вели дека ако некој соработувал со ДУИ во имзинатата година и половина – тоа е ВМРО ДПМНЕ, а не СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек.

Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции.

„Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ.

Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи.

Во образложението на жирито се истакнува:

„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“

Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ.

Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ.

Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања.

На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

„Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер