ТехнологијаКој го хакирал телефонот на најбогатиот човек на светот?Хакерите го нападнаа телефонот на најбогатиот човек на светот , Џеф Безос и му се заканија дека ќе ги објават личните фотографии и пораките од телефонот до неговата љубовница.Безос на заканите не одговори со емоции , туку ја објави содржината на уцените и заканите од хакерите. Тоа се случи во февруари , а дури сега шефот на безбедносната служба на Амазон објави како можело да бидат објавени податоци од телефоинот на најбогатиот човек на светот. Зад податоците за љубовницата на Безос и нивните љубовни пораки , објавени во таблоидите , стојат хакери. Станува збор за хакерски напад од група од Саудиска Арабија . Се уште не се знае колку можеле да пребаруваат низ телефонот на Безос , ниту дали амнериканскиот магазин нешенел Енквајерер имал сознанија за тоа. Истрагата продолжува , а експертите од Амазон случајот му го препуштиле на ФБИ. Saudi Arabia 'hacked Amazon boss's phone', says investigator https://t.co/Br2xJtnvYc — BBC News (World) (@BBCWorld) March 31, 2019 Се претпроставува дека Саудијците му го хакирале телефонот на Безос како одмазда за неговиот напис во Вашингтон Пост , каде ја обвинува оваа земја за бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter