ЖивотКој е младоженецот, поради кого јапонската принцеза од дворец, ќе живее во еднособен стан?„Ја сакам Мако. Имаме само еден живот и сакаме да го поминеме со оној што го сакаме“, изјави Кеи Комуро, младоженецот на поранешната јапонска принцеза Мако, на прес-конференција поради кого таа се откажа од кралската титула, привилегиите и милиони.Приказната, сепак, не е толку романтична како што изгледа на прв поглед. На принцезата Мако и била одбиена милионската отштета поради аферата што избувнала со финансиите на семејството на Кеи Комуро. Имено, огромна афера изби во Јапонија во 2017 година откако се дознало дека неговата мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен вереник и никогаш не му ги вратила. Бидејќи од членовите на царското семејство се очекува да се однесуваат совршено, на принцезата Мако и бил одбиен надоместокот од 1,2 милиони евра, кој инаку го добиваат членовите на царското семејство кои ја напуштаат институцијата. По бракот, принцезата Мако се прости од царскиот живот, титулите и привилегиите. Медиумите пишуваат дека со Кеи ќе живеат во еднособен стан пред да се преселат во Њујорк. Деновиве принцезата за прв пат во животот ќе го добие своето презиме, а наскоро ќе поднесе барање за пасош. Кеи Комуро е обичен жител роден во Токио. Како дете го изгубил својот татко. Него го одгледала самохраната мајка Кајо Комуро, која подоцна им создаде проблеми на парот. Принцезата ја запознал во 2013 година на колеџ. Комуро три години не живее во Јапонија. Набргу по одложувањето на неговиот брак со Мако, тој се преселил во Њујорк, студирал право на Универзитетот Фордам во Бронкс, а потоа се вработил како службеник во Ловенштајн Сендлер, Менхетен, советувајќи ги компаниите и инвеститорите за финансирање на ризичен капитал, спојувања и превземања. . Јапонската јавност ја вознемири и кога на јавен настан се појави со непримерна фризура, односно опавче. Мако, внуката на императорот Нарухито, повеќе не е принцеза. Од друга страна, голема е веројатноста нејзиниот татко, а потоа и помладиот брат да станат јапонски императори. Бидејќи императорот Нарухито нема машки потомци, тронот најверојатно ќе му припадне на неговиот брат Акишин, таткото на принцезата Мако. Дури и да се разведе од обичниот Комуро, нема да може да се врати во царската палата и да ја носи титулата принцеза. Исто така, децата што ќе ги добие со Кеи нема да се најдат на листата на наследници на царскиот трон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВажни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два денаВо вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција. Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање. Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот. Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците. На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори. Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“. Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче. Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори. Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилниСпоред УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter