АвтомобилизамКој бренд е најпродаван во групата „Stellantis“?За некои изненадување, за други не.Италијанскиот автомобилски гигант, кој откако не се прилагоди на најновите трендови, многумина го „погребаа“ однапред, им одржа лексија на некои големи имиња од автомобилската индустрија. „Fiat“, бренд кој, иако не толку драстично како „Lancia“ и „Alfa Romeo“, го намали својот асортиман, продолжува да постигнува забележителни продажби. Верувале или не, во конкуренција на имиња кои го сочинуваат „Stellantis“, меѓу кои се „Citroen“ и „Peugeot“, „Fiat“ е најпродаваниот бренд. Не само тоа, „Fiat“ го има и најпродаваниот електричен модел во гамата. Ова е значајно достигнување за бренд кој, како и „Mazda“, долго време бегаше од електрификацијата и изгуби огромни суми пари на својот прв електричен модел. Сега дефинитивно има со што да се пофали. Не само што традиционално е најпродаваниот бренд во Италија, туку истиот статус го има и во Турција и Бразил. Зборувајќи на јазикот на бројките, „Fiat“ испорача 1,2 милиони автомобили во 2022 година, вклучувајќи ја и програмата за професионални лесни комерцијални возила и спортската програма „Abarth“. За споредба, „Peugeot“ испорача 1.056.182 автомобили. Повеќе од 90 отсто од продажбата на „Fiat“ е остварена во Европа и Јужна Америка, а особено е популарен во Бразил, каде што испорача дури 430.000 возила и постигна пазарен удел од 21,9 отсто. Има одлични 18,7 отсто од пазарот во Турција и 15,1 отсто во Италија. Во исто време, не може да се пофали со претерано млад возен парк. Така, во сегментот на градски модели, каде што настапува со моделите „500“ и „Panda“, италијанскиот производител држи 43,7 отсто од сегментот во Европа. „Fiat“ моментално има само еден електричен модел, „500e“, и тој е најпродаван електричен модел во Италија, втор најпродаван во Франција и трет во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter