Кој беше Алексеј Навални? - Канал 5

Кој беше Алексеј Навални?

Рускиот опозиционер Алексеј Анатолиевич Навални, кој денеска почина во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненец на 48-годишна возраст, отслужи 30-годишна затворска казна во Русија.

Кој беше Алексеј Навални?

Навални, по професија правник, влезе во политиката во 2000 година како член на партијата Јаблоко, а во политиката влезе посериозно кога помагаше во протестите во Русија во 2011-12 година, тврдејќи дека имало изборна измама и дека власта е корумпирана.

Тој го истражувал потесниот круг на луѓе на Путин и ги објавил неговите видеа на Интернет, кои имале неколку стотици милиони прегледи.

Од 2011 година тој бил повеќе од десет пати во затвор, за разни кривични дела.

Тој се кандидираше за градоначалник на Москва во 2013 година, а потоа беше втор на изборите со 27,24 отсто од гласовите.

Во 2016 година, Навални најави дека ќе учествува на претседателските избори во 2018 година, но судот му забрани да се кандидира бидејќи во 2013 година, во градот Киров, беше осуден на условна затворска казна од пет години за проневера, т.е. за присвојување дрвена граѓа во вредност од околу 500 илјади американски долари од државна компанија.

Редовно учествуваше на протестите против власта и неколку пати беше апсен, особено во 2017, 2018 и 2019 година.

Основаше антикорупциска фондација и го предводеше централниот совет на партијата Русија на иднината, претставувајќи ја опозицијата на владејачката Единствена Русија предводена од Владимир Путин.

Откако беше отруен со нервен агенс во Сибир во 2020 година, за што ги обвини руските разузнавачи, замина на лекување во Германија, кое беше успешно, иако беше во кома.

Независниот холандски центар за истражувачко новинарство Белингкет тврди дека во труењето биле вмешани агенти на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), што Кремљ го негираше.

По закрепнувањето, тој се вратил во Русија на 17 јануари 2021 година, а веднаш по слетувањето бил уапсен на аеродромот во Москва.

Тој беше осуден на две и пол години затвор за прекршување на претходното условно ослободување додека се опоравуваше во странство.

Во март 2022 година, Навални беше осуден на девет години затвор за наводно непочитување на судот и проневера.

Во август 2023 година, Навални беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација, поради што беше осуден на уште 19 години затвор.

Казната почнал да ја отслужува во Владимирската област, на околу 230 километри источно од Москва, но неодамна бил префрлен во казнената колонија ИК-3 во градот Харпа во Арктичкиот круг (поларен Урал), 1.900 километри од Москва, каде што починал.

Навални беше во брак со Јулија Абросимова, со која имаше две деца, ќерката Дарија и синот Захар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на работна средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ

Денеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ.

Мицкоски на работна средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ

На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето.

Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“.

Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот.

Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер