ЗдравјеКои видови на храна треба да ги избегнувајте според докторите ако сте во менопаузаМенопаузата носи хормонални промени кои можат да го отежнат слабеењето, особено во пределот на стомакот. Метаболизмот се забавува и телото поразлично ја обработува храната, поради што е важно внимателно да ја избирате храната. Појадокот игра клучна улога во одредувањето на дневниот ритам, а избегнувањето на одредени видови храна може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта, намалување на желбата за храна и одржување на здравата тежина. Затоа, стручните лица откриваат кои видови храна е најдобро да ги избегнувате за време на менопауза за да си помогнете околу губењето на тежината. Еве што ви советуваат. 1. Преработено месо Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и сувомеснатите производи, се меѓу најнездравите видови месо. Содржат високо ниво на натриум и конзерванси, кои можат да предизвикаат надуеност и воспалителни процеси во телото. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата бидејќи го зголемува нивото на воспаленија во телото“, објаснува д-р Мајкл Лахеј за „SheFinds“. Бидејќи надуеноста е веќе честа тегоба за време на менопаузата, дополнителното внесување на натриум од овие производи само ја влошува ситуацијата. За да се избегне ова, д-р Лахеј препорачува посни извори на протеини како пилешко без кожа, риба или намирници од растително потекло како мешунки и тофу, кои се одлични за регулирање на телесната тежина. 2. Вештачки засладувачи Вештачките засладувачи можеби изгледаат како здрава алтернатива на шеќерот, но тие всушност носат голем број ризици, вклучувајќи влошување на симптомите на менопауза и зголемување на телесната тежина. „Овие засладувачи му штетат на варењето и поттикнуваат повеќе да консумирате слатка храна“, предупредува д-р Лахеј. Ова може да доведе до дигестивни нарушувања и зголемена желба за храна. Наместо тоа, тој препорачува умерена употреба на природни засладувачи како мед или јаворов сируп, или задоволување на желбата за слатко со јадење на овошје. 3. Пекарски производи Слатките печива, како кроасаните или крофните, можеби изгледаат како примамливо уживање, но нивното редовно консумирање, особено за појадок, може да има негативни здравствени последици, предупредува диететичарот д-р Дејна Елис Хунес. „Најнездравиот облик на јаглехидрати што може да го јадете по 40-тата година се високо преработените јаглехидрати, како што се оние во пакуваните печива“ - истакнува Хунес. „Причината што овие намирници се лоши за здравјето и тежината, е тоа што не даваат никакви нутритивни придобивки, тие често се лишени од витамини, минерали, антиоксиданси и противвоспалителни соединенија“ – додава таа. „Ова може да го забави метаболизмот и да го отежне слабеењето бидејќи предизвикува изразено зголемување на инсулинот, зголемување на ИГФ-1 (маркер на воспаление) и зголемен ризик од хронични болести и складирање на маснотии во телото“, заклучила Хунес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во ЗелениковоЛокалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река. Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности. Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град. Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
ТенисНадал најави враќање на теренот! Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви. „Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“. Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари. „Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook