Кои се следните фази до стапувањето на сила на Преспанскиот договор?

Преспанскиот договор со мнозинство гласови вчера помина и во грчкиот парламент, но кога одредбите од договорот и официјално ќе стапат во сила.

Според уставните амандмани кои беа изгласани во Македонија, промената на името и измените на уставот ќе бидат применливи дури откако Грција ќе го ратификува пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, но не претходно.

- Член 1 од Уставен закон

„Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија влегуваат во сила со влегувањето во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Следните чекори за целосно спроведување, се уште се во Грција, каде треба да се објави законот за договорот во службен весник. Тоа според најавите ќе се случи идната недела, по потписот од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Потоа, Грција треба да го извести НАТО за спроведување на преспанскиот договор, а алијансата да подготви Протокол за пристапување на нова земја членка. Процесот на ратификација треба да помине во сите 29 земји членки на НАТО до крајот на годината, со тоа што Грција се обврза дека прва ќе го стори тоа. По гласањето во парламентот, официјална Атина со вербална нота ќе ја извести земјава дека го ратификувала протоколот, а Македонија со писмо ќе ги извести ОН и меѓународните организации за новото име – Република Северна Македонија.

Објавување во службен весник во Грција

Подготвување на протокол во НАТО

Ратификација на протоколот во Грција

Вербална нота до Македонија дека Грција го ратификувала протоколот

Македонија со писмо ги известува ООН и меѓународните организации за новото име – Република Северна Македонија.

Договор од Преспа.

„По влегувањето во сила на оваа спогодба, Македонија веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали”

Предвидува договорот. Сепак, со тоа земјава не станува веднаш членка на НАТО. Додека трае ратификацијата во парламентите на останатите членки на алијансата, Македонија ќе учествува во процесите, односно ќе добие столче на масата, но без право на глас.

Откако ќе биде ратификуван протоколот за членство во парламентите на сите 29 земји членки на алијансата, следува поканата за пристапување, која на земјава ќе и ја упати Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Последниот дел од пристапувањето е земјава и формално да го прифати членството во Алијансата, со референдум или со гласање во парламентот. Официјалното пристапување на Македонија како 30-та земја членка на Алијансата според најавите би се случило во 2020 година.

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер