ЗабаваКои се работни занимања од соништата за генерацијата Z? Некои од наведените дејности ќе ве изненадатВеб-страницата Class Central посветена за пребарување на онлајн курсеви, спроведе анкета на Инстаграм која ги откри најпопуларните занимања меѓу членовите на генерацијата Z. Модел, инфлуенсер, личен тренер, уметник... Според истражувањата, работата од соништата за генерацијата Z е - манекенството. Листата е составена со помош на анализа на користењето „хаштази“ во врска со кариерата на Инстаграм, а манекенството се нашло на врвот на листата со дури 380 милиони објави на социјалната мрежа. На второ место на скалата е професијата уметник, а потоа фотограф и шминкер, блогер, како и работата во маркетинг. Пејач, личен тренер, актер, инфлуенсер, стилски блогер, танчар, готвач, писател, „јутјубер“, моден дизајнер, креатор на содржини, спортист, фризер и маникер се занимањата кои влегоа во топ 20=те најбарани меѓу генерацијата Z. Интересно е што потрадиционалната професија, доктор, е рангирана на 24-тото место со 18,300,000 „хаштази“, работната позиција инженер се најде на 30-тото место со 7,600,000 „хаштази“, занимањето правник е рангирано на 32-тото место со 6,500,000 „хаштази“, а работното место астронаут е на 450-тото место со 2.500.000 „хаштази“. „Генерацијата Z ја привлекуваат покреативните индустрии“ „Ова истражување покажува дека на генерацијата Z ѝ е попривлечна креативната индустрија, особено онаа што е силно поврзана со социјалните медиуми“, изјави Давал Шах, извршниот директор на Class Central. Иако генерацијата Z се стекна со репутација дека сака да биде инфлуенсер и јутјубер, оваа студија покажува дека сè уште ѝ се привлечни работните места за кои се потребни практични вештини. На пример, занимањата „стример“ и фудбалер се наведени под занимањата архитект и готвач. Генерацијата Z ја привлекуваат и традиционалните работни дејности „Без оглед на вообичаените концепции, истражувањата покажуваат дека генерацијата Z сè уште ја привлекуваат и традиционалните работни дејности. Професиите доктор, медицинска сестра, учител и стоматолог се појавуваат меѓу првите 25“, изјавил извршниот директор на Class central. „Фасцинантно е да се види како социјалните медиуми влијаеле врз кариерите на помладите генерации и дали традиционални деловни улоги ќе гравитираат пониско на скалата во иднина“, заклучил тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групиВо врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДа бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии. Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години. Потребни сер 6.000 евра. Сите кои се во можност можат да донираат на: 143 482 за корисници на А1. 143 109 за корисници на Телеком. Халк Банка: 270 700 122 675 849 Примач: Марко Џолевски НЛБ Банка: 210 501 786 673 895 Примач: Марко Џолевски. Тагови: хуманитарна акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook