Кои се новоименуваните амбасадори? - Канал 5

Кои се новоименуваните амбасадори?

Иако се уште се чека и официјално да се потврдат новоназначените амбасадори кои поминале на затворената владина седница, поголем дел од имињата веќе станаа познати на јавноста.

Кои се новоименуваните амбасадори?

Дел од идните амбасадори, за Канал 5 потврдија дека се во завршна фаза од своето назначување, односно чекаат да бидат исконтактирани од МНР за да можат да ги одбранат своите тези пред Собранието, во Комисијата за надворешни работи.

Инаку, најголем дел од новоназначените амбасадори чии имиња деновиве се лиферуваа во јавноста, се дипломати од кариера, како амбасадорот Веле Трпевски кој ќе замине за Тирана, каде и претходно беше македонски амбасадор.

Неофицијално Крум Ефремов, од Директоратот за економска и јавна дипломатија при МНР ќе ја претставува државава во соседна Бугарија, Линда Салиеска од Директоратот за поддршка на активностите на Министерот ќе оди во Холандија,а Габриел Атанасов, исто така кадар од МНР, според пишувањата, ќе оди во Романија.

Поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе ја претставува Македонија во Бриселското седиште на НАТО, а Фадиљ Зендели од Беса ќе биде амбасадор во Данска, додека пак Илина Мангова од невладиниот сектор, се очекува да замине во Обединетото Кралство.

Откако и официјално ќе бидат потврдени имињата на новите амабсадори и тие ќе ги одбранат своите тези во Собранието, претседателката Сиљановска Давкова и официјално ќе треба да ги испрати во дипломатските мисии, освен Муртезани кој ќе биде македонски претставник во воена алијанса.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Почувствуван земјотрес во  Гостивар и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата..

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски..

Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Холивудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста.

Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката .

Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век.

Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години.

Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман.

Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година.

Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година.

Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер