Кои се најбогатите членови на европските кралски семејства?

Од 14 активни монархии во Европа, некои богатството го наследиле и навистина се зависни, додека останатите примаат бесповратни средства и трошоците за нивниот живот го покриваат владите на државите кои ги претставуваат.

Принц Ханс-Адам II

Принцот на Лихтенштајн, 72 годишниот Ханс-Адам II, месечно добива по 250 илјади швајцарски франци. Своето богатство главно го темели на приватната банка LP Group, а истовремено има многу инвестиции во недвижнини ширум Лихтенштајн, како и шуми и винарии. Форбс во 2008 година, неговото богатство го процени на дури 3.8 милијарди фунти.

Кралот Фелипе VI и кралицата Летиција

Шпанската круна добива паушална свота од државата, која во 2014 и 2015 година изнесувала 6.9 милиони евра. Од тоа најголемиот дел го добил кралот Фелипе, додека нешто помалку добила неговата сопруга, кралицата Летиција. Освен тоа, шпанската државна организација управува со сите осум кралски палати, петте кралски резиденции и десетте манастири кои во моментов ги користи кралското семејство.

Војводата Хенри

Војводското семејство на Луксембург, секоја година добива по 300 илјади франци уште од 1948 година за извршувањето на своите должности. Освен тоа, од буџетот за 2017 година издвоени се 8.9 милиони фунти за трошоците на благородништвото.

Кралицата Маргарета II

Данска секоја година на кралското семејство му дава по 9.6 милиони фунти. Тој износ потоа се дели на сите припадници на кралското семејство, а остатокот ги покрива сите трошоци на нивните активности, како и некои приватни трошоци. Нормално, најмногу добива кралицата Маргарета II. Освен тоа, половина од данските кралски палати се во сопственост на државата, додека останатите се во сопственост на кралското семејство.

Foto: Thinkstock

Кралот Филип

Ситуацијата во Белгија е слична на онаа во Данска, па така државата носи милиони на сметката на кралското семејство. Во 2013 година тој износ бил 10.4 милиони фунти, а со дел од нив се финансира и владата. Поседот на кој престојува и делува белгиското кралско семејство повеќето се во сопственост на државата, додека мал дел од нив се самостални и со тоа финансиски независни.

Кралот Карл Густав XVI

Шведска пред две години додели околу 6 милиони фунти на шведското кралско семејство за покривање на службените должности на кралот и трошоците за живот. Освен тоа, управата на кралството го проценува своето богатство на 5.8 милиони фунти, а истовремено заработува и од туристичките посети на палатата. Кога се ќе се вброи, кралот добива вкупно 11.8 милиони фунти, додека неговото приватно богатство се проценува на 54 милиони фунти.


Кралот Харалд V и кралицата Соња

Норвешката влада доделува 23.8 милиони фунти за кралското семејство и додатни 1.1 милион фунти на кралот и кралицата за покривање на основните трошоци, а 900 илјади фунти добиваат принцот и принцезата. Кралските резиденции се во сопственост на државата и се отворени за јавноста, но се на располагање на кралското семејство. Кралот поседува кралска јахта, иако ја чува и одржува Кралската норвешка морнарица.


Кралот Вилем-Александер

Во 2015 година, буџетот на кралот Вилем-Александер изнесувал 35.8 милиони фунти, што ги покрива сите трошоци за службените посети и патувања во странство. Дел од тој износ добива и неговата мајка, кралицата Беатрикс, која 33 години била на тронот. Горбс во 2007 година кралското богатство го процени на 230 милиони фунти.

Foto: Getty

Принцот Алберт

Кнежеството Монако во 2015 година издвои дури 39 милиони фунти за трошоците на своето кралско семејство, но на јавноста не и е познато како тој износ се дели меѓу членовите на семејството, меѓутоа најверојатно тоа се прави како и секаде, најголемиот дел заминува кај тој на врвот, а во овој случај е тоа принцот Алберт.

Кралицата Елизабета II

Англиското кралско семејство очекувано е на врвот на листата на најбогатите монарси. Меѓу нив несомнено победува 91 годишната кралица Елизабета II. Како и повеќето на овој список, државата годишно издвојува големи пари за кралското семејство, а во англискиот случај минатата година станувало збор за 42.8 милиони фунти.

Со тоа кралицата добива 14.9 милиони фунти од наемот на недвижностите и останати извори на приходи кој не се детално познати во јавноста. Според последните податоци, богатството на една од најдолговечните владетелки проценето е на 322 милиони фунти.

Foto: Getty


Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

Собранието на Косово ќе разгледува нацрт-резолуција за извештајот на Стејт департментот

Собранието на Косово денеска на предлог на опозицијата ќе ја разгледа нацрт-резолуцијата што се однесува на наодите од извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Косово.

Опозицијата и власта имаат различни оценки за тој извештај, а пратениците од владејачката Самоопределување веќе најавија дека нема да гласаат за предложената резолуција.

На дневен ред на денешната седница што треба да започне во 11:00 часот има 22 точки на дневен ред.

Како што претходно оцени Косовскиот демократски институт, парламентот се соочува со хроничен недостаток на кворум, поради што одредени точки не се усвојуваат со месеци, јави Бета. /МИА

притисни ентер