Кои се и колку чинат неопходните фази при градба на куќа - Канал 5

Кои се и колку чинат неопходните фази при градба на куќа

После долго размислување и разгледување на можните опции, сепак се одлучивте да градите куќа, наместо да купите стан? Вашата одлука сигурно ќе наиде на коментари од типот „куќата е бунар без дно“. 

Кои се и колку чинат неопходните фази при градба на куќа

Но, тоа не треба да ве обесхрабрува, од причина што куќата нуди одредени предности. Пред да започнете со градбата, дознајте кои се најважните фази при изградба на куќа и колку ќе ве чини секоја од нив?

Кога се работи за недвижен имот, секогаш е истата дилема - дали да купите стан или да изградите куќа? Сите оние кои се одлучиле за куќа истакнуваат дека „мирот нема цена“, ништо не може да го замени уживањето во вашиот двор, особено семејствата кои имаат деца и домашни миленици.

Куќа, во повеќето случаи, се гради еднаш во животот. Затоа, важно е да бидете добро информирани пред да започнете со работа, да најдете добри изведувачи и да се одлучите за квалитетни материјали.

Приближна цена за ѕидана куќа до 3-та фаза од изградбата се движиод 250 до350 евра/м2.

Но, да почнеме од почеток:

Документација за градба на куќа

Пред да започнете со изградба на куќата, потребно е да се обезбеди потребната градежна документација. Во целиот процес важна улога има проектант кој треба да ги стави на хартија вашите барања и желби и да ги усогласи со важечките прописи и планови за подрачјето каде што се наоѓа парцелата. Цените на индивидуалните проекти на семејните куќи варираат помеѓу 1 и 2% од вредноста на инвестицијата.

Размислете внимателно за осигурување. Дури и при самата изградба на градежни објекти и поставување на опрема може да дојде до непредвидена материјална штета.

Нулта состојба во изградбата на куќата

Кога велиме нулта состојба на куќата, мислиме на разграничување на парцелата од страна на геодет, земјени работи како ископ на градежна јама, насип на теренот и консолидација на основата. Ова исто така вклучува поставување на темели, спроведување на инсталации. Затоа, може да се каже дека во нулта состојба спаѓаат сите подготвителни активности пред изградба на куќа.

Земјените работи се наплаќаат по кубен метар ископана почва, т.е. насипанматеријал. Широк ископ чини од 4 до 5 евра/м3; полнење и набивање на гранулат, таканаречено тампонирањеприближно 16 до 20 евра/м3 и планирање(обележување) и набивање на почвата околу 3 до 4 евра/м2.

За семејни куќи се почесто се користи темелна плоча. Нејзината изведба и бетонирање со заварување на хидроизолација и поставување изолација од 20 цм дебелина би ве чинело помеѓу 50 и 80 евра/м2.

Формирање на костурот на куќата

Оваа фаза вклучува подигање ѕидови, односно формирање на костуроткој е отворен се додека не се заврши покривот и не се постави столаријата. За подигање ѕидови најчесто се користат тули, бетонски блокови и поробетон (сипорекс).

Поставување куќа или покрив

Покривот е еден од најважните елементи на секој градежен објект. Се состои од покривна конструкција со под конструкција, покривна покривка, изолационен слој и завршни елементи како што се олуци и громобрани. Сртот е горната хоризонтална линија на покривот, додека долната е стреата.

Покривната конструкција најчесто е направена од дрво или метал. Неговата функција е да ја носи покривната покривка и да го пренесе товарот од снегот и ветерот кон долните делови на куќата. Таа во голема мера зависи од покривната покривка, релјефот, временските услови во дадената област, естетските барања и намената на таванскиот простор.

Под конструкцијата ги пренесува оптоварувањата на покривната покривка на покривната конструкција. Таа не мора да биде направен од истите материјали како и покривната конструкција.

Целта на изолацијата е да се спречи загубата на топлина низ покривот, како и прегревање на таванот. За таа цел се користат полистирен и минерална волна, со тоа што минералната волна има бројни предности.

Како покривна покривка најчесто се користат глинените и бетонските ќерамиди, а сè попопуларна е и теголата. Застапени се и метални покривни облоги, но во многу помала мера. Функцијата на покривната покривка е да ја заштити куќата и покривната конструкција од надворешни влијанија.

Изработка на фасада и монтажа на столарија

Фасадата е лицето на секоја куќа. Ја заштитува куќата од негативни надворешни влијанија, обезбедува топлинска и звучна изолација и влијае на севкупниот впечаток што куќата ќе им остави на посетителите.

Кај нассеуште најпопуларна еконтактна или демит фасада. Со контактната фасада, изолационите материјали, претежно стиропор, се лепат директно на надворешните ѕидови. Откако ќе се монтираат плочите од стиропор, тие дополнително се фиксираат една со друга со помош на специјални клинови. Следува заштитната мрежа за армирање и зајакнување на површината на фасадата. Потоа следува измазнување, а потоа нанесување на фасадна боја.

Исто така може да се одлучите и за вентилирани фасади, иако се поскап избор. Сепак, почетната инвестиција вреди бидејќи тие заштедуваат околу 30% од енергијата потребна за греење и ладење. Вентилираните фасади се разликуваат од контактните фасади бидејќи не одат директно до ѕидот, туку меѓу нив има вентилационен или воздушен слој.

Оваа фаза исто така вклучува инсталација на столарија. Можете да се одлучите за дрвена, алуминиумска, се попопуларна ПВЦ столарија или комбинација од дрво и алуминиум. Столаријата ја штити зградата од негативни надворешни влијанија, придонесува за приватноста и естетиката на куќата.

Градбата на куќа секогаш е најдобро да им се остави на искусни изведувачи. При донесување на оваа одлука, не треба да биде пресуднацената, туку квалитетот.

Размислете внимателно за осигурување. Дури и при самата изградба на градежни објекти и поставување на опрема може да дојде до непредвидена материјална штета.

Нулта состојба во изградбата на куќата

Кога велиме нулта состојба на куќата, мислиме на разграничување на парцелата од страна на геодет, земјени работи како ископ на градежна јама, насип на теренот и консолидација на основата. Ова исто така вклучува поставување на темели, спроведување на инсталации. Затоа, може да се каже дека во нулта состојба спаѓаат сите подготвителни активности пред изградба на куќа.

Земјените работи се наплаќаат по кубен метар ископана почва, т.е. насипанматеријал. Широк ископ чини од 4 до 5 евра/м3; полнење и набивање на гранулат, таканаречено тампонирање приближно 16 до 20 евра/м3 и планирање(обележување) и набивање на почвата околу 3 до 4 евра/м2.

За семејни куќи се почесто се користи темелна плоча. Нејзината изведба и бетонирање со заварување на хидроизолација и поставување изолација од 20 цм дебелина би ве чинело помеѓу 50 и 80 евра/м2.

Формирање на костурот на куќата

Оваа фаза вклучува подигање ѕидови, односно формирање на костуроткој е отворен се додека не се заврши покривот и не се постави столаријата. За подигање ѕидови најчесто се користат тули, бетонски блокови и поробетон (сипорекс).

Поставување куќа или покрив

Покривот е еден од најважните елементи на секој градежен објект. Се состои од покривна конструкција со под конструкција, покривна покривка, изолационен слој и завршни елементи како што се олуци и громобрани. Сртот е горната хоризонтална линија на покривот, додека долната е стреата.

Покривната конструкција најчесто е направена од дрво или метал. Неговата функција е да ја носи покривната покривка и да го пренесе товарот од снегот и ветерот кон долните делови на куќата. Таа во голема мера зависи од покривната покривка, релјефот, временските услови во дадената област, естетските барања и намената на таванскиот простор.

Под конструкцијата ги пренесува оптоварувањата на покривната покривка на покривната конструкција. Таа не мора да биде направен од истите материјали како и покривната конструкција.

Целта на изолацијата е да се спречи загубата на топлина низ покривот, како и прегревање на таванот. За таа цел се користат полистирен и минерална волна, со тоа што минералната волна има бројни предности.

Како покривна покривка најчесто се користат глинените и бетонските ќерамиди, а сè попопуларна е и теголата. Застапени се и метални покривни облоги, но во многу помала мера. Функцијата на покривната покривка е да ја заштити куќата и покривната конструкција од надворешни влијанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер