СветКои се Хутите и зошто напаѓаат бродови во Црвеното Море?Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен.Би-Би-Си САД и Велика Британија извршија големи воздушни напади врз цели во Јемен поради нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното Море. Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската и британската армија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, рано утринава извршиле напади врз областите под контрола на Хутите. Беа погодени повеќе од 12 цели, вклучително и главниот град Сана и Ходеида, пристанишното упориште на Хутите на Црвеното Море. Мета беа логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје. Зошто Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море? Нападите на Хутите започнаа откако започна конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Хутите изјавија дека го поддржуваат Хамас и рекоа дека ќе го таргетираат секој брод што патува кон Израел, пишува Би-би-си. Во ноември запленија израелски товарен брод, а потоа нападнаа неколку комерцијални бродови со беспилотни летала и балистички ракети. Нивните напади на Црвеното Море се зголемија за 500 отсто помеѓу ноември и декември. Тие станаа толку голема закана што големите бродски компании престанаа да работат во регионот. Речиси 15 отсто од глобалната поморска трговија минува низ Црвеното Море, кое е поврзано со Средоземното Море преку Суецкиот канал и претставува најкратка поморска рута меѓу Европа и Азија. Големите бродски компании, вклучително и Медитеранската бродска компанија, Маерск, Хапаг-Лојд и нафтената компанија БП, рекоа дека ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море. Затоа, меѓународните пазари стравуваат дека цените на горивата ќе пораснат и синџирите на снабдување ќе бидат нарушени. САД го обвинија Иран дека е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море. Кои се Хутите? Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство. Тие се именувани по основачот на движењето, Хусеин ал Хути. Групата беше формирана во 1990-тите и се бореше против, како што веруваа, корупцијата на тогашниот претседател Али Абдула Салех. Салех, со поддршка на армијата на Саудиска Арабија, се обиде да ги елиминира Хутите во 2003 година, но безуспешно. Хутите водат граѓанска војна против јеменската влада од 2014 година. Владата беше поддржана од коалиција на арапски земји предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Хутите, заедно со Хамас и Хезболах, се декларираат како дел од оската на отпор што Иран ја води против Израел, САД и поширокиот Запад. Кој ги поддржува Хутите? Бунтовничката група Хути е моделирана по шиитската вооружена група во Либан, Хезболах, која им обезбедува поддршка и обука од 2014 година. Иран е и нивен сојузник, имајќи предвид дека Саудиска Арабија е нивни заеднички непријател. Иран е осомничен дека ги снабдува Хутите со оружје и им обезбедува витални разузнавачки информации што им овозможуваат да напаѓаат бродови во Црвеното Море. „Знаеме дека Иран е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море. Ова е во согласност со долгорочната материјална поддршка на Иран и охрабрување на дестабилизирачките акции на Хутите во регионот“, рече Адриен Вотсон, портпаролка на Белата куќа за национална безбедност. . Иран, од друга страна, негира вмешаност во нападите на Црвеното Море. Хутите истрелаа балистички ракети и беспилотни летала кон Израел од почетокот на војната во Газа. Во случај Иран да ги снабдува со оружје, тоа би значело дека го прекршил ембаргото за оружје на ОН. Иран, се разбира, негираше. Колкав дел од Јемен е под контрола на Хутите? Официјалната влада на Јемен е Претседателскиот совет, на кој претседателот Абдрабух Мансур Хади ги префрли своите овластувања во април 2022 година. Сепак, седиштето на владата е во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, откако Хади побегна таму во 2015 година. Поголемиот дел од јеменското население живее во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северниот дел на Јемен, Хутите го контролираат и брегот на Црвеното Море. Групата во таа област собира даноци и печати пари. Советот за безбедност на ОН наведува дека до 2010 година Хутите имале меѓу 100.000 и 120.000 следбеници составени од вооружени војници и невооружени поддржувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook