ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
2ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
3„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
АвтомобилизамКои марки на автомобили ги избираат најинтелигентните возачи?Интересно истражување.Британската компанија „Scrap Car Comparison“ се одлучи за интересно истражување во соработка со лондонската консултантска компанија „Censuswide“. Врз основа на анализа на 2.024 возачи во Велика Британија, утврдено е кои автомобили ги возат најинтелигентните возачи. Беа споредени вкупно 27 марки на автомобили со доволен статистички примерок за 22 марки. Коефициентот на интелигенција (IQ) е стандардна проценка на интелектуалните перформанси на секој поединец. Се смета дека две третини од населението имаат ниво помеѓу 85 и 115 поени. Исто така, беше откриено дека само 2,5% од луѓето се надвор од нормата, или поради резултат под 70 или, во друга крајност, поради резултат над 130. Покрај тоа, мало малцинство кое има коефициент на интелигенција поголем од 144 припаѓа на групата луѓе кои се сметаат за надарени, според истата скала на интелигенција Стенфорд-Бинет. По евалуацијата на учесниците во истражувањето, тие беа класифицирани според брендот на автомобилот што го поседуваат, што доведе до првите заклучоци. Истражувањето спроведено од „Scrap Car Comparison“ покажа дека возачите со повисок коефициент на интелигенција, со просечна оценка од 99, поседуваат автомобили „Škoda“. Тие формираа и група во која е забележано помалку раздразливо или агресивно однесување, па се покажаа како најмирни зад воланот. По „Škoda“, следуваат сопствениците на „Suzuki“ (98,09), „Peugeot“ (97,79), „Mini“ (97,41) и „Mazda“ (95,91). На другиот крај од спектарот, возачите на „Land Rover“ (88,58), „Fiat“ (90,14) и „BMW“ (91,68) имале понизок коефициент на интелигенција. Сепак, анализата открива дека целата група на испитаници била во рамките на она што се смета за просечен резултат, помеѓу 85 и 115 на скалата на коефициентот на интелигенција. Друг заклучок од британската студија нагласува дека најинтелигентните возачи претпочитаат автомобили на бензин, што е парадокс во средината на процесот на електрификација на автомобилите. Автомобилите на бензин ги возат луѓе со висок коефициент на интелигенција (94,35), а потоа следат сопствениците на верзии со хибридни (93,89) и дизел мотори (92,91). Возачите на електрични автомобили се само на четвртото место (90,19). Исто така, на најинтелигентните возачи најмногу им се допаѓа белата боја на автомобилот, а потоа сивата и црвената. Секако, на крајот треба да се земе предвид дека ова истражување е од Велика Британија. Можеби резултатите во Македонија би биле поинакви. Автомобилски марки и коефициент на интелигенција: Škoda: 99 Suzuki: 98,09 Peugeot: 97,79 Mini: 97,41 Mazda: 95,91 Toyota: 95,76 Vauxhall/Opel: 95,11 Mercedes-Benz: 94,74 Nissan: 94,71 Seat: 94,71 Citroen: 94,29 Hyundai: 93,52 Renault: 93,41 Audi: 93,25 Kia: 93,01 Honda: 92,88 Ford: 92,75 Volvo: 92,40 VW: 92,25 BMW: 91,68 Fiat: 90,14 Land Rover: 88,58Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
ЗабаваКрива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 августОдбројувањето започнува. На 29 август сите патишта водат кон Крива Паланка, градот каде што ова лето ќе се одржи најголемиот музички спектакл во регионот. Во духот на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски – небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува музички спектакл каков што градот не памети во поновата историја. На 29 август, Градскиот стадион во Крива Паланка ќе биде местото каде што илјадници посетители ќе уживаат во незаборавна вечер исполнета со врвна музика, безвременски хитови и спектакуларна атмосфера, со настапите на три големи музички имиња: Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар. Музичката програма ќе ја започне нашиот Слаткар, еден од најпрепознатливите изведувачи на македонската музичка сцена, кој ќе донесе свежа енергија, модерен звук и хитови што ќе ја кренат публиката на нозе. Потоа следува настапот на музичката икона Лепа Брена – ѕвезда која со децении ги обединува генерациите низ целиот регион. На сцената во Крива Паланка ќе приреди вистински спектакл исполнет со нејзините најголеми хитови, песни што ја одбележаа балканската музичка историја и енергија што ги освојува сите генерации. Големата музичка вечер ќе ја заокружи легендарниот Ацо Пејовиќ, еден од најпопуларните регионални изведувачи кој ќе ја донесе својата претпознатлива интерпретација и безвременски хитови. Спојот на романтика, емоција, врвна музика и незаборавна сценска продукција ќе создаде вечер што долго ќе се памети, настан кој ќе го одбележи летото и празничните денови во Крива Паланка. „Особена чест ни е што токму во деновите кога го славиме нашиот духовен заштитник – Св. Јоаким Осоговски и големиот празник Успение на Пресвета Богородица, на нашите сограѓани и гости им подаруваме музичка вечер со три големи имиња кои оставија неизбришлива трага на регионалната и македонската музичка сцена. Верувам дека со Ацо Пејовиќ, Лепа Брена и Слаткар подготвуваме вечер која ќе ја надмине рамката на обичен концерт.Ова е вечер која ја подготвуваме за сите. Ги поканувам сите граѓани од Крива Паланка, од цела Македонија, како и нашите пријатели од соседните земји и целиот регион, да бидат дел од овој голем музички концерт. На 29 август да се видиме во Крива Паланка, заедно да создадеме спомени што ќе останат засекогаш и уште еднаш да покажеме дека нашиот град е место каде што традицијата, гостопримството и врвните настани се спојуваат во едно незаборавно доживување. “, изјави градоначалникот Сашко Митовски.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаПоповиќ: За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднашМинистерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога? Да не е обвинителот Савевски на екскурзија исто така? Еве 10 факти за обвинителот Савевски за постапува: 1.Загадувањето на водата во Гостивар започнало на 25 јуни. 2.Првите случаи со симптоми на труење биле регистрирани на 13 јули по што и по 200 нови случаи дневно. 3.Пет дена никој не реагирал и не презел ништо. Првите препораки биле објавени на 18 јули! 4.А три дена пред да се објави дека водата е загадена Центарот за јавно здравје Тетово издал извештај дека водата е безбедна за пиење. Значи 22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со загадена вода со фекалии. Резултатот, 4.700 граѓани отруени. 5.На 23 јули, премиерот Мицкоски најавува „техничка вода“ за користење, а до крајот на таа недела и вода за пиење. Потоа Тошковски рече дека се врши хиперхлорирање на водата и стана експерт за анализа на вода. 6.Четири дена по најавата на Мицкоски, на 27 јули, Тошковски јавно ќе соопшти дека „Гостивар доби техничка вода“ која може да се користи за капење, но не и за пиење. 7.Никогаш не беше објавен документ, анализа на водата, кој одобрил, кој потпишал, дека водатата може да се користи како техничка. 8.На 3 август, значи после цела недела од изјавата на Тошковски, Стојанче Ангелов ќе објави дека во водата во Гостивар има бактерија. Па како им кажаа на луѓето дека може да ја користат водата техничка за капење и миење ако има бактерија? Тотален хаос и распад. 9.Вчера, на 7 август Клековски ќе соопшти дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни. 10.Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Еве ги фактите. Се му е спремно на Савевски, па кога ќе се врати од ексрузија еве го чека, нека постапува. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одборТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилнициСДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија. Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16