Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд? - Канал 5

Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд?

Кои се имињата/презимињата, политичките партии и граѓанските иницијативи што го оспорија овој закон пред Уставниот суд? 

Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд?

Дали уставните судии го чувствуваат притисокот од јавноста и дали тоа ќе влијае на конечната одлука?

Која е причината што овој предмет беше задржан во фиока толку години и зошто токму сега се разгледува?

Одговор: Во однос на барањето од првата и втората алинеја, оспорен е Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2019) во целина, со поднесени иницијативи од страна на: 1.Ивица Ефремов од Велес и Стив Ангеловски од Битола, 2.Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, застапувано од претседател Тодор Петров од Скопје, 3.проф. д-р Јове Кекеновски од Скопје, 4.Васко Лазески, Петар Робески, Здравко Китаноски, Гоце Штерјоски, Адриана Вељаноска, Дарко Дејаноски, Јован Дејаноски, Симона Колеска, Дарко Најдески, Бранче Станишоска и Нена Хлоупек, сите од Кичево, 5.Политичка партија „ВМРО-ДПМНЕ“ од Скопје, застапувана од генерален секретар Игор Јанушев, 6.Ивана Митевска од Скопје, 7.Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе, 8.Клементина Брзановска од Скопје, 9.Владимир Стефановски од Скопје, 10.Солза Грчева, Наташа Трајкова, Мирјана Јанчева, Горан Настевски, Сашо Смилевски, Лидија Горачинова, Благородна Урдаревиќ, Слоботка Алексовска, Силвана Петровска, сите од Скопје, 11.Политичка партија „Левица“ од Скопје, застапувана од овластено лице доц. д-р Димитар Апасиев, 12.Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, застапувано од претседател Тодор Петров од Скопје, 13.проф.др Тања Каракамишева-Јовановска од Скопје, со изјави за поддршка од проф. д-р Саво Климовски, академик Ката Ќулавкова, проф. д-р Јасна Котеска, проф. д-р Ганка Цветанова, проф. д-р Александар Климовски, проф. д-р Родна Живковска, проф. д-р Александра Ѓуркова, проф. д-р Оливер Андонов, проф. д-р Симона Груевска - Маџоска, проф. д-р Владимир Божиновски, проф. д-р Иванка Василевска, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Васко Наумовски и проф. д-р Александар Даштевски. Барањето од алинејата три не претставува информација од јавен карактер која Судот ја создал или со која располага во смисла на одредбата од член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со која е дефиниран поимот „информација од јавен карактер“. Што се однесува до барањето од алинејата четири, во периодот од јуни 2021 година до февруари 2024 година, Судот функционираше во нецелосен состав. За овој предмет, на 18 март 2021 година, Уставниот суд одржа подготвителна седница согласно одредбите од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, а со оглед на значењето на предметот и интересот во јавноста, Судот има донесено два заклучоци, во 2023 и 2024 година, каде има заземено став дека овој предмет ќе биде разгледуван на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии. За датумот кога истиот ќе се разгледува, информации ќе бидат објавени на интернет - страницата на Судот, www.ustavensud.mk.

Уставен суд

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. 

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, (без никакви дополнителни општествени и креативни додатоци ) впрочем и самата стрип култура во себе состои повеќе култури, социјални пораки и уметнички светови. Овие манифестации се финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како и Општина Велес.

Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број на уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што извести Томе Трајков од организацискиот тим, наместо ланскиот рекорден број на примени стрипови од 396 автори, годинава нивните пријави се многукратно надминети,(497) со што конкурсот го достигнува својот историски врв по масовност на пријавени уметници од целиот свет.

Во пристигнатите трудови доминираат стрипови од македонски автори од разни генерации и градови, што ја потврдува домашната уметничка сила и силниот континуитет на сцената. Сепак, конкурсот има силен глобален карактер — на него масовно учествуваат автори од балканските држави, но и од далечната Азија, Полска, па сè до Нигерија, со што Велес се зацврстува како светска престолнина на деветтата уметност.

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

 Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија.

Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина.

Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди.

Инаку не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што

проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер.

Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење.

15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење.

11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

29.06.2023 повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии.

04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

Ама на ова, ни Филипче ни СДС, како тогашна владејачка партија не реагирале соодветно. А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени.

Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДС-ДУИ-Тарабари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот.

Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство.

Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДС кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода, а истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Повторно ново ветување.

Повторно неисполнето.

Повторно водата не е чиста, ниту техничка.

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

Ништо повеќе.

Денес повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено.

Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.

А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.

Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

• Христијан Мицкоски

• министерот Клековски

• и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ова сѐ уште трае.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер