ЖивотКои 10 држави се најдобри за израснување деца?Порталот „Ремитли“ (Remitly) го објави својот нов индекс којшто оценува 80-тина различни држави, земајќи ги предвид трошоците за образованието и грижата за децата. На него, Шри Ланка се најде на првото место.Преселувањето во странство, се наведува, не е секогаш само подобрување на квалитетот на животот - за луѓето со семејство, преселбата во друга земја може да биде возбудлива, просперитетна или безбедна опција. Но, кои земји се најпријателски натроени за семејството? Новиот имиграциски индекс на меѓународната компанија за трансфер на пари, „Ремитли“ анализира 82 земји, врз основа на 24 различни фактори и го прогласи Исланд за најдобра земја за преселба, во целина. Македонските услови за живот, во таа смисла, се на 63. место. Во посебната топ-10 листа на најсреќни нации, само Финците се оценети со резултат 100 од 100. Јужна Кореја има најдобро здравство (77 од 100), Исланд има најдобар интернет-сообраќај (50 од 50) итн. Меѓутоа, ако воспитувате деца, исто така, треба да се земат предвид неколку посебни и специфични фактори. Тука се трошоците за детска грижа, просечниот број години за образование и очекуваниот број години за школување во секоја земја. Така, на врвот на листата на „најпријателски за семејството“ земји, Шри Ланка има резултат од 88 од 100, а условите се опишани како „импресивен образовен систем“ и ниски годишни трошоци за грижа за децата, коишто изнесуваат само 354,60 долари. Шри Ланка, меѓу другото, е одлично место за живеење - со изобилството историски урнатини, бујно зеленило и фантастична храна, како дел од сѐ тоа. Земјата е исто така рај за дивиот свет, со националните паркови „Уда Валава“ и „Кумана“ коишто можат да се пофалат со неверојатно разновиден спектар на животни, вклучувајќи слонови, диви биволи, џиновски верверички, елени, крокодили, бели кобри и огромен број фасцинантни птици, се вели Следат 10-те земји најпогодни за семејството во 2025 година: Шри Ланка, Шведска, Норвешка, Нов Зеланд, Исланд, Германија, Финска, Данска, Австралија, Соединетите Американски Држави. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
БалканДрама во Јадранот во близина на Чањ: Две жени и четири деца се заглавија меѓу карпите Синоќа, спасувачката единица на Управата за поморска безбедност безбедно евакуираше група од шест туристи, две жени и четири деца, чиј чамец се заглавил меѓу карпите во близина на Чањ.„Операцијата започна веднаш по пријавата, по полноќ. Граѓанин од крајбрежјето ги извести властите дека чамецот со возрасни и деца се заглавил во карпите, по што спасувачкиот брод SAR-1 беше испратен од Бар без одложување. Исклучително тешка операција, со оглед на силниот ветер, кој дополнително го отежнуваше пристапот и евакуацијата во ноќни услови, спасувачите прво, двајца по двајца, извлекоа четири деца на возраст од 11 до 14 години на безбедно, а потоа двајца возрасни, од кои едниот не знаеше да плива“, беше потврдено за РИНА во УПСУЛ. Тие додадоа дека по пристигнувањето на плажата, сите лица биле предадени на тимот на Итна медицинска помош, кој веќе чекал на брегот. Спасените лица биле неповредени, освен што децата биле премрзнати и биле згрижени со термални обвивки обезбедени од спасувачите. Порано истата вечер, спасувачкиот тим на Администрацијата беше ангажиран и во друга задача, едрилица со двајца членови на екипажот, која беше надвор од употреба поради дефект на пропелерот, беше безбедно одвлечена од шлепер до пристаништето во Бар. „Овие случаи покажуваат колку е важна брзата реакција и од граѓаните и од службите. Доколку повикот не беше пристигнат на време, исходот можеше да биде сосема поинаков во овие услови. Затоа Администрацијата за поморска безбедност на Јадранот ги повикува сите да се јават на 129 без двоумење штом ќе забележат пловило или лице во неволја на море. Секоја минута е важна, а брзиот извештај им дава на спасувачките екипи драгоцено време да пристигнат и да помогнат“, истакнува UPSUL.Тагови: Јадран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе помина интерпелацијата за министерот Панче ТошковскиСо вкупно 77 гласа, од кои 58 „против“ и 19 „за“ во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти... Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата. По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер. Тагови: НП Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook