Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
2Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
ЖивотКога страста и заљубеноста ќе поминат, еве кои особини мажите никогаш не ги забораваат кај женитеУбавината, страста и хемијата може „да ја запалат искрата“, но ако нема автентичност и топлина таа брзо се гаси.Машко-женските односи честопати делуваат комплицирано, вистинската поврзаност помеѓу мажите и жените не почива на големи гестови и површински особини. Љубовта што трае не се заснова на минливиот изглед, ниту на тоа колку некој на почетокот е интересен. Мажот може да биде маѓепсан од жената поради разни причини, но постојат две особини кои неа ја прават незаборавна. Автентичност Автентичноста значи да си доследен на себеси, тоа е кога жената не се труди да се вклопи во туѓите очекувања, не глуми, не ги крие своите емоции и ставови. Оваа особина мажите често не знаат да ја опишат со зборови, но автентичната жена останува врежана во сеќавањето засекогаш. Таа не се обидува да импресионира, туку едноставно е присутна. Нејзината сила доаѓа од внатрешната стабилност. Не се срами од своите мани, но не се ни расфрлува со своите доблести. Искрена е во комуникацијата, знае да се каже „да“, но и „не“, без чувство на вина. Мажот покрај автентична жена чувствува мир. Таа не создава драма, не игра игри, не користи манипулација. Покрај неа, тој може да го спушти гардот и да биде свој, зашто знае дека таа нема да ја осуди неговата ранливост. Автентичноста буди доверба, а довербата е основа на секоја трајна љубов. Топлина и сочувство Постои огромна разлика помеѓу жена која сака та угодува и жена која има топлина во себе. Топлината не се огледува само преку зборовите, туку и преку погледот, допирот, слушањето, молчењето. Тоа е особина што на мажот му дава чувство дека е прифатен, вреден, важен, дури и кога сè околу него го говори спротивното. Топлината не значи слабост. Тоа значи јачина во способноста да ги чувствува другите и да не ги отфрли кога се најранливи. Во време кога сè се мери и анализира, сочувството станува реткост. А, токму таа на мажот му дава чувство дека е сигурен. Не станува збор за тоа жената да простува сè и да нема поставено граници – напротив. Топлата жена умее да каже кога нешто не е во ред, но тргнува од позиција на разбирање, а не на осуда. Кога мажот ќе ја почувствува таквата топлина, повеќе не се прашува дали е сакан, тој тоа го знае. И токму таа сигурност во емоцијата прави тој да остане, да гради, да сака и кога е тешко, да се бори кога и другите се откажуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканДемонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел. Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот. View this post on Instagram A post shared by Vizion Plus (@vizionplustv) Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец. Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храбростВо Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter