Кога скопското Кале ќе им се врати на граѓаните и туристите во полн сјај?

Кога скопското Кале ќе им се врати на граѓаните и туристите во полн сјај? Ова е прашањето кое скопјани си го поставуваат повеќе од 10 години.

Не, не се наоѓаме во некоја јужноамериканска џунгла, туку сме во срцето на главниот град, а ова е скопското кале, неговиот главен симбол.

Од она што некогаш со гордост им се покажуваше на туристите и местото од каде граѓаните го имаа целото Скопје на дланка, денес остана само бледа дамка. Патеките кои што во други времиња ви нудеа пат низ историјата и ви ја претставуваа магијата на средновековието, денеска се непроодни и обраснати со трева. Кантите се преполни, главната патека е украсена со отпадоци, а доколку сакате да седнете, да се одморите уживајќи во погледот на Скопје, клупа нема да најдете, оти нема ниту една..

На овој простор позади мене постајно некој седеше, граѓаните правеа пикник, но сега како и речиси поголемиот дел од оваа тврдина е обраснат со грмушки и трева која е висока повеќе од еден метар.

Оливер Бојаџиев е веќе 12 години на скопското кале како туристички водич, па целата тажна трансформација на ова место му поминала пред очи. Вели најатрактивните автентични улици од 10 век сега се обраснати и постои опасност од змии и крлежи. Вели, ова место го посетувале турсити од цел свет кои прекрасните слики од тврдината ги виделе на интернет, а кога ќе стапнат на калето остануваат вџашени.

Сега туристите едноставно, пред да влезат на кале имаат некоје расположение, кога ќе тргнеме тука многу прашања се отвораат, велат ова е главен град, ова е најголема прочитавме, во што е проблемот. Тие се разочарани и толку, дефинитивно и некои од коментарите се „ќе размислиме дали ќе дојдеме пак или дали ќе го препорачаме на пријателите.

Дека ова место има потреба од подобра грижа порачаа и самите туристи и посетители кои ги затекнавме на тврдината.

Мислам дека е многу битно да го одржувате ова место имате уште многу работи тука да ги зачувате./ Се изненадувам малку пријатно, малку непријатно, има туристи и тоа ме изненадува пријатно, ама малку запоставено е и така некако по споредниот влез е запустено.

А, доколку се најдете на Кале и имате физиолошка потреба, ова е тоалетот кој што ќе треба да го искористите.

Навечер калето сјаеше од сите страни, а сега речиси половина од осветлувањето не работи.

Е, сега, кој треба да го негува овој симбол како што се негуваат сите слични знаменитости во европските градови и да се погрижи Калето да го врати сјајот? Ги исконтактиравме сите можни институции кои би можеле да имаат надлежност, но топката како по обичај си ја префрла меѓусебе, па одговорноста во моментов не можевме да ја лоцираме. Последно што беше познато е дека екс-градоначалникот Шилегов сакаше да го земе под своја закрила, но ингеренциите според дел институциите останаа недоделени.

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Никогаш не смееме да заборавиме и да дозволиме да се повтори 27 ми април, најцрниот ден, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ.

Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок.

А насилници никако не се уставобранители како што Мицкоски и Силјановска ги нарекуваат.

Најавите за нивно помилување се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ.

Почитувани,

27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија.

Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност.

СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај.

Глас на 8 ми мај за СДСМ и коалицијата е глас за слободна, демократска и европска држава.

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски носител на ИЕ2

СДСМ

Иран најави дека ќе го ослободи екипажот на запленетиот брод „MSC Aries“

 Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахјан изјави дека екипажот на запленетиот брод „MSC Aries“, кој пловеше под португалско знаме и е поврзан со Израел, ќе биде ослободен, пренесоа иранските медиуми.

Според информациите, Амир Абдолахјан во телефонски разговор со шефот на португалската дипломатија Пол Рангел рекол дека Иран сака да го ослободи екипажот на запленетиот брод бидејќи го смета за хуманитарно прашање.

Абдолахјан изјави дека екипажот ќе им биде предаден на амбасадорите на нивните земји во Техеран, без да прецизира точен датум кога тоа ќе се случи.

Иранската револуционерна гарда го заплени товарниот брод „MSC Aries“ со 25 членови на екипажот во Ормутскиот теснец на 13 април, еден ден откако Техеран објави дека ќе возврати на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел. .

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродот бил запленет бидејќи наводно „ги прекршил поморските закони“ и дека нема сомнеж дека е поврзан со Израел.

MSC го изнајмува Aries од Gortal Shipping, подружница на Zodiac Maritime, која е делумно во сопственост на израелскиот бизнисмен Ејал Офер.

Мурал со цитат на Марко Цепенков осамна на прилепскиот Центар за култура

На предната страна од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, осамна мурал во рамките на проектот „Јазикот коски нема, но коски крши“ на визуелната уметница Ивана Самандова на која ѝ помогнаа уметниците Методи Исков и Александар Џинго.

Фокусот на муралот е истакнување на величината на Марко Цепенков, како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура. Идејата зад муралот е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство, соопштуваат од Факултет за работи што не се учат – ФРУ кој е организатор на проектот а е со поддршка на министерството за култура.

Целта на проектот е избегнување на централизираност на културата и уметноста во само еден град, а соработката помеѓу Центарот за култура во Прилеп и локалните уметници е стремеж кон визуелно осовременување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата.

Дел од муралот е цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ на Марко Цепенков преку кој може да се интерпретираат неколку перспективи како истрајноста, флексибилноста и настојувањето во потрагата на правдината во општествените пошироки аспекти. Овој концепт на правдина укажува дека и во мигови кога таа умее да биде истанчена, никогаш не може да биде комплетно уништена.

Инаку, ова е втор мурал во организација на Факултет за работи што не се учат – ФРУ. Во март, заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски иницираа акција за обновување на фасада на зграда во центарот на Скопје, изработувајќи мурал посветен на потребата од солидарност.

притисни ентер