КултураКога детската добрина станува божиќно чудо-„ELA во Погон“ –Во денови кога новогодишните и божиќните празници нè потсетуваат на љубовта, грижата и заедништвото, хуманитарниот божиќен базар „ELA во Погон“ се претвори во вистинско божиќно чудо. Настанот исполнет со детска радост и искрена хуманост, годинава го запиша своето име како најуспешниот базар досега во организација на ELA (English Language Academy), академија за странски јазици. Со срца поголеми од нивните години, со нивните рачни изработки и честитки, учениците од ELA успеаја да соберат средства со кои беа донирани повеќе од 230 постелнини и пижами за дечињата на Клиника за детска хирургија. Зад секоја донација стои детска насмевка, топла мисла и надеж дека празниците ќе донесат радост и спокој таму каде што е најпотребно. Од Клиниката за детска хирургија упатија искрена благодарност до ELA и до сите учесници на базарот, нагласувајќи дека донацијата е примена со голема радост и дека ваквите гестови значат неизмерна поддршка и охрабрување за најмладите пациенти и медицинскиот персонал. Тимот на ELA со длабока емоција и благодарност им се поклонува на сите кои беа дел од „ELA во Погон“, на родителите, посетителите, пријателите и поддржувачите. Посебна благодарност и неизмерна радост, како што велат, чувствуваат кон своите ученици, на кои се особено горди. „Овој базар не е само наш најуспешен досега, туку јасно ја отсликува мисијата на ELA. Иако сме академија за странски јазици, подеднакво ги учиме и вредностите кои го градат човекот. Секоја година, базарот ни дава мотивација погласно да шириме добрина и уште похрабро да создаваме надеж“, порачуваат од ELA. „ELA во Погон“ уште еднаш докажа дека најтоплата светлина доаѓа од детските срца, а вистинските вредности се учат преку дела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 годинаХоливудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн. 71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо. Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски. Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот. По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени. Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер. Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.Тагови: Кевин Костнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook