Коѕијас: И Нова демократија и СИРИЗА, сите се задоволни од Договорот од Преспа - Канал 5

Коѕијас: И Нова демократија и СИРИЗА, сите се задоволни од Договорот од Преспа

 Сите се задоволни од Договорот од Преспа, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервјуто за грчкиот весник „Та неа",

Коѕијас: И Нова демократија и СИРИЗА, сите се задоволни од Договорот од Преспа

Објаснувајќи дека Нова демократија е задоволна, бидејќи е постигнат најдобар можен договор без да има цена, СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење, jави дописничката на МИА од Атина.

– Да бидеме искрени. Сите се задоволни од Договорот од Преспа. Нова демократија затоа што се постигна најдобар можен договор, без таа да има цена. СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење. Се разбира, некои би посакале да не го постигнев јас договорот. Не е важно. Сите ние што работевме на договорот ѝ служевме на татковината, ја извршивме нашата должност. Имаше цена? Да! Висока лична цена!, вели Коѕијас, одговарајќи на прашањето во однос на тоа дали Договорот од Преспа е корисен.

Во интервјуто за викенд изданието на грчкиот весник, Коѕијас ја коментира и политиката на актуелната грчка Влада во однос на Договорот од Преспа и вели дека „реализмот што го откри е добар".

– Но, овде постои една игра: актуелната Влада не е во можност од политички и морални причини, да го следи спроведувањето на договорот. Во пракса не ја интересира, иако е гласна на зборови. Владата на Македонија го сфати тоа и тоа што може не го спроведува. Ова пак ѝ одговара на Нова демократија. Ги осудува прекршувањата што таа ги предизвикува за да може да се повика на нив како изговор за нејзините предизборни преправања, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија и додава дека сега „дојдоа оние кои живеат од проблемите".

Коѕијас во интервјуто особено го истакнува преземањето од грчка страна на контролата на воздушниот простор на Македонија и потенцира дека „доволно е да се размисли каква ќе беше безбедноста на Грција, доколку Турција ја имаше таа контрола".

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција коментира дека Договорот од Преспа не е главната причина за поразот на СИРИЗА на европските, локалните и парламентарните избори, а говори и за несогласувањата со Панос Каменос.

– Нападот од негова страна не одведе никаде, само на суд. Можеби имаше некаква обврска. Не знам. Она што е сигурно е дека коалицискиот партнер во Владата не е се несогласуваше само со името „Северна Македонија". Посакуваше нејзино распаѓање, дури и инвазија, но и други неверојатно полоши работи, вели Коѕијас за „Та неа". /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ .

На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.

Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.

Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво.

Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи.

Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни.

СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.

И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.

Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема.

Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?

СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.

Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Кошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната.

Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане.

Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната.

YouTube video

Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер