Кодфест тек фестивал од 7 до 9 април во Охрид

Дваесет и седум тима ќе учествуваат на 32 часовен технолошки натпревар во развивање технолошки идеи во рамки на Кодфест тек фестивал (Codefest Tech festival), што ќе се одржи од 7 до 9 следниот месец во Охрид.


Петтото издание на Кодфест ќе се одвива под мотото „Славење на иновациите во технологииите“. Ќе понуди и еднодневна конференција за технологија и стартапи со околу 400 учесници, пред кои ќе говорат реномирани технолошки и бизнис експерти од САД, Велика Британија, Шпанија, Данска и Македонија. Паралелно со маратонот и конференцијата ќе се одржи мини саем на компании и организации од областа на технологијата, на кој ќе се претстават 15 стартапи.

Организаторот и основач на фестивалот, здружението „Старт ап зона“ најавува и одржување на 15 работилници на различни теми како хардвер, маркетинг, социјални медиуми, hands-on hacking, growt hackin,...

- Со фестивалот се дава можност на младите и најиновативните лица од државава и странство да се претстават интернационално. Носиме голем број меѓународни експерти кои се дел од настанот во различен формат, како спикери, ментори и жири и директна поддршка на тимовите на Кодфест маратонот. Целта е да се доближат до меѓународниот технолошки свет, да добијат видливост и валидација во рана фаза на нивните идеи и проекти, изјави Јасна Тренгоска, коосновач на Кодфест.

Покровител и коорганизатор на Кодфест годинава е Фондот за иновации и технолошки развој. Нивни тимови ќе одржат практична работилница како да се подготват поквалитетни предлог проекти за четвртиот повик со кој се доделуваат милион и 450 илјади евра, со кои ќе може да се поддржат 25 претпријатија.
- Компаниите имаат можност да добијат до 100.000 евра. Се надеваме дека овие работилници ќе помогнат и ќе генерираат добри идеи и квалитетни проекти од кои Фондот ќе има можност да избере и понатаму во текот на годината да ги финансира, изјави директорката Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска.

На досегашните изданија на Кодфест искуства и знаења со учесниците разменуваа претставници од „Фејсбук“, „Вибер“, „Мајкрософт“, „Гугл“... Нивното искуство од работата со младите од Македонија, истакна Тренгоска, е дека се доста амбициозни, талентирани, со разновидни способности. - Тоа е ресурс на Македонија кој треба да се искористи, рече Тренгоска.

Посочувајќи на резултатите на досегашните учесници на Кодфест Тренгоска наведе дека победничкиот тим од минатогодишниот Кодфест, пред некое време го лансираше стартапот резервирај.мк и учествуваше во акцелераторската програма на Сивус инкубатор.

- Сме имале доста слични приказни кои се успешни, стартапи кои формално или неформално соработуваат со странски компании. Како пример, од минатогодишниот Кодефест е и стартап што работеше на хардверско решение, а кои моментално работат со британска компанија и веќе треба да почнат со масовно производство на продуктот, информира Тренгоска.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Со цел да ги заштити своите војници од влијанието на оружјето произведено од Запад, Русија треба едноставно да ги повлече од територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.

-Ако (Владимир) Путин и руските официјални лица се загрижени дека нивните трупи во Украина би можеле да бидат погодени од оружје произведено во други земји, најлесниот начин да се избегне тоа е едноставно да ги повлечат своите трупи, вели Кирби.

Тој додава дека во моментов администрацијата не гледа вистински чекори од страна на Руската Федерација во однос на можна употреба на нуклеарно оружје и „покрај агресивната реторика“. /МИА

притисни ентер