Кочовски: Во наредните 4 години ќе го реконструираме Здравствениот дом, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка - Канал 5

Кочовски: Во наредните 4 години ќе го реконструираме Здравствениот дом, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка

На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години .

Кочовски: Во наредните 4 години ќе го реконструираме Здравствениот дом, ќе го зголемиме капацитетот на детската градинка

На денешниот митинг во општина Вевчани, градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, истакна дека се што е ветено е исполнето изминатите четири години и дека ќе се продолжи со зсилено темпо да се работи одговорно, посветено и чесно за да општина Вевчани биде општина достапна и отворена за своите граѓани.

„Програмата за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет на Вевчани. Приоритет ни се нови инвестиции не само во инфраструктурата туку и изградба на мултифункционална игралиште во Вевчани, реконструкција на старата Кино сала, доградба на градинката во Вевчани, ќе изградиме и нови водоводни и канализациони линии, инфраструктурата ни е пред се, сите проблеми што ги имаме мапирано да ги решиме ,никој нема да биде заборавен“, рече Кочовски.

Градоначалникот Кочовски истакна дека ќе продолжи да се вложува во културата и туризмот, ставајќи го во фокусот Вевчанскиот карневал, со што Вевчани би била најпосакувана туристичка дестинација.

„Во делот на туризмот, се обврзуваме на континуирана поддршка и организација на Вевчанско лето, поддршка на Вевчански карневал, поддршка на Василичарски друштва, поддршка на фестивалот за народна култура и традиција „Пображење“, поддршка на здруженија на граѓани кои се занимаваат со развој на вевчанската култура и традиција. Со ова ќе ја направиме Вевчани најпосакувана дестинација за туристите.

Исто така тој стави акцент и на проектите кои ќе следат во здравствениот сектор, како реконструкцијата на ЈЗУ „Здравствен дом“ Вевчани.

„Во однос на социјална и здравствена заштита, се обврзуваме на реконструкција на кров и поткровје во, ќе продолжиме со поддршката на здружението на пензионери, а ќе ги отвориме и вратите за соработка со останатите здруженија на граѓани во областа на социјалната и здравствена заштита, а ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за секое новороденче во Општина Вевчани“, вели Кочовски кандидат за градоначалник на општина Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“,с е наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер