Кочински: Пикот на вирусот на грип на крајот на месецот до средината на февруари, нема продолжување на зимскиот распуст - Канал 5

Кочински: Пикот на вирусот на грип на крајот на месецот до средината на февруари, нема продолжување на зимскиот распуст

 Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво.

Кочински: Пикот на вирусот на грип на крајот на месецот до средината на февруари, нема продолжување на зимскиот распуст

Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецот до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на заболени почна неколку недели порано од очекуваното, изјави денеска раководителот на одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински.

Тој рече дека со оглед на тоа што има средна активност на грипот, тоа засега не дава можност да даваме некакви претерани мерки што би ги зафаќале граѓаните, како продолжување на зимскиот распуст.

- Доколку има каква било промена, ќе апелираме и ќе дадеме соодветни мерки. Се забележува дека има зголемување на бројот на хоспитализирани и кај возрасните и кај децата и тоа е очекувано за овој период од годината и не се целосно исполнети капацитети на болниците. Комисијата за заразни болести во текот на вчерашниот ден заседаваше и ќе излезе со соодветни препораки. Се препорачува при посета во болница, ако таа не е забранета, посетителите да носат маски - рече д-р Кочински.

Тој истакна дека во споредба со истата недела од минатата сезона, се регистрира зголемување на бројот на заболени за 2,2 пати, а ако се спореди со просекот од последните 15 сезони, има зголемување од 39,1 процент.

- Во текот на оваа недела има ниво на средна активност на вирусот на грип. Најголем број заболени 1.378 заболени се на возраст од 15 до 64 години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години и од пет до 14 години. Регистрирани се заболени лица во 25 од 31 регион во државата. Најголем број 556 заболени има во Скопје, а потоа следат Тетово-308, Куманово-266, Охрид-202 итн. Во пет регионални центри има многу висока активност на грипот и тоа во Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино, додека во четири има висока активност, средна активност има во шест центри за јавно здравје, а во седум се бележи сезонска активност на грипот, рече д-р Кочински.

Како што вчера беше информирано, посочи тој, во текот на втората недела е пријавен еден смртен случај асоциран со грип.

- Се работи за жена од 75 години од Скопје, која била хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај неа биле регистрирани коморбидитети, не била вакцинирана против сезонски грип и лабораториски било потврдено присуство на инфлуенца А, истакна д-р Кочински.

Потенцира дека во лабораторија на ИЈЗ во текот на втората недела пристигнати се 99 материјали од 26 се позитивни за присуство на грип, а имаме и детектирано и седум случаи на респираторен синцициски вирус и еден случај на Ковид-19.

- Досега во текот на сезоната од почетокот на октомври до 11 јануари има 6.147 заболени од грип. Споредено со истиот период од минатата сезона има зголемување на бројот за 2,6 пати, а во однос на просекот има зголемување од 27 проценти. Само во Берово, Делчево и Пехчево нема регистриран случај на грип. Кумулативно досега од пристигнати 515 материјали во ИЈЗ за тестирање, 65 се позитивни на грип сите се со инфлуенца А, а доминира инфлуенца АХ3 односно со 66 проценти од позитивните. Има шест позитивни на Ковид-19 и 21 позитивен на респираторен синцициски вирус, рече д-р Кочински.

Осврнувајќи се на општите мерки, појасни дека се препорачува избегнување простории со голем број луѓе особено ако меѓу нив има такви кои имаат симптоми на респираторно заболување, кашлање, кивање, температура.

- Да се проветруваат простории, да се затоплуваат, да се носи слоевита топла облека, да се консумираат витамини, минерали, природно цедени сокови, се што може да го подобри имунитетот. При заболување од грип или друго акутно заразно заболување со респираторна симптоматологија, треба да се остане дома. Децата кои имаат симптоми на акутно респираторно заболување не треба да се носат во градинка и училиште. Ако симптомите не се повлекуваат или се влошуваат децата треба да се однесат кај матичен лекар или инфектолог за медицинска помош. Најдобра мерка за превенција е вакцинацијата против грип. Во Македонија сезонава има нешто повеќе од 79.000 лица вакцинирани против грип, додаде д-р Кочински.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ведро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степени

Според Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло.

Ведро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степени

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 6. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 6. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете.

Кариера

Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен.

Здравје

Не си ја трошете силата попусто.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер.

Кариера

Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел.

Здравје

Не жалете по небитни работи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации.

Кариера

Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина.

Здравје

Не им верувајте на слаткоречиви .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж.

Кариера

Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна.

Здравје

Спуштете се на земја.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали.

Кариера

Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот.

Здравје

Настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа.

Кариера

Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна.

Здравје

Треба да се биде реален.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел.

Кариера

Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста.

Здравје

Излезете на сонце .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно.

Здравје

Чувствителност на нервиот систем.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја.

Кариера

На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното.

Здравје

Разјаснете го она што можете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост.

Кариера

Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа.

Здравје

Не претерувајте со грижите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми.

Кариера

Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира.

Здравје

Оние кои можат нека отпатуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер