Кочани еден месец по трагедијата во која згаснаа животите на 61 лице - Канал 5

Кочани еден месец по трагедијата во која згаснаа животите на 61 лице

Помина еден месец од кобниот 16 март кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани..

Кочани

Во досега најголемата трагедија во земјава загинаа 61 лице, а двајца се во критична состојба..

Потребно е многу време за градот одново да оживее велат кочанчани..

Таму беше Маја Стојановска.

YouTube video

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп би можел да ја преземе бразилската репрезентација или Реал Мадрид, пренесува „UOL“.

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Според бразилската медиумска компанија, Клоп се чувствува многу исцрпен во својата позиција како глобален фудбалски шеф во Ред Бул. Забележано е дека Клоп е подготвен да ги разгледа опциите за продолжување на тренерските активности.

Педесет и седумгодишниот Германец своите должности како глобален шеф на Ред Бул ги презема на 1 јануари 2025 година.

Како тренер работеше во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. /MИА

притисни ентер