Кочани денеска им оддава последна почит на загинатите во пожарот - Канал 5

Кочани денеска им оддава последна почит на загинатите во пожарот

Погребната церемонија во Кочани ќе се одржи во 12 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. 

Кочани денеска им оддава последна почит на загинатите во пожарот

Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост, јави МИА.

Од МПЦ - ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.

Погребната церемонија ќе се одржи по посебни протоколи, а на и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење.

На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Сите останати граѓани се замолуваат да останат надвор од портите на гробиштата и достоинствено, без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настраданите.

- По завршувањето на погребната церемонија, но и следните денови, сите ужалени граѓани, постепено, еден по еден, ќе можат да отидат до вечните почивалишта на настраданите, да се помолат за нивните души, да положат цвеќе, да запалат свеќа, апелираше утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Денеска погребни церемонии ќе се одржат и во Штип, Облешево и Скопје.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работење

Клуч на врата на студентскиот дом „Никола Карев“ до негова целосна реконстукција. 

Охридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работење

Ваква најава денеска од Охрид даде министерката за образование Весна Јаневска, откако студентите изминатиот период алармираа дека со денови останувале без струја, неретко учеле и живееле на светлина од свеќи, без топла вода и во сериозно лоши услови..Според Јаневска, лошата состојба во студентскиот дом се должела на лошото менаџирање и натрупаните долгови, за што најави и постапка за избор на нов директор. Јаневска посочи дека МОН во реконтукцијата вложува 5,5 миниони евра и се очекува активностите да започнат до крајот на годинава.

- Оваа година ќе почне и реновирањето на студентскиот дом во Охрид, тој е во лоша состојба. Да, ние направиме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е процес на промена на директорот, но сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот и некаде очекувам пред крајот на годината да почне негова реконстукција. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Дополнително, Јаневска откри и дека поради утврдени неправилности затворени се 18 институти за високо образование и една приватна стручна школа, а се чешла работењето на уште 5 универзитети.

- Има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме, законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не пправуваат ќе бидат завторани. До сега се затворени 18 институти и една приватна високо стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор 5,6 институти сигурно и правиме мониторинг во најмалку уште 5 универзитети.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Инаку, студентските домови Стив наумов и Кузман Јосифовски – Питу во Скопје според најавите на Јаневска вратите за студентите ги отвораат со почетокот на новата академска година, додека од септември се очекува да започне реконстукција и на студентските домови во Битола, Прилеп и Штип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција

Како влегувале нелегалните ботокси, кој ги дистрибуирал и како стигнувале до пациентите?

Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција

Со проширувањето на истрагата за случајот „Ботокси“ за уште четири лица, меѓу кои и двајца лекари, Обвинителството се обидува да го склопи мозаикот и да утврди кој сè бил нил дел од нелегалниот синџир на увоз и дистрибуција. Имињата на инволвираните не се откриваат. Од ОЈО велат дека новите тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Од пред три месеци кога и започна аферата наречена „ботокс“ пациентите се повнимателни и доаѓаат на едукација за неинвазивните процедури, вели за Канал 5 Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска.

Лекарите апелираат дека секој што сака да стави ботокс или филер може да побара да го види и да го провери производот пред да му биде нанесен.

Ризикот, предупредуваат лекарите, не е само во самиот препарат, туку и во начинот на неговото аплицирање. Последиците може да бидат естетски деформитети, инфекции и алергиски реакции, оштетување на нервите и мускулите, а во потешки случаи и нарушувања на дишењето и голтањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

Скандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци.

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

Лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани.

Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае:

Кој е одговорен за овој скандал?

Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А. Л викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани?

Дали началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, е во бизнис со наркодилерот викан Цуната?

Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него?

Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој го пушти?

Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување?

Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага.

СДСМ бара веднаш да се утврди одговорноста на сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани.

По две години мандат на Тошковски, МВР се соочува со низа скандали, а безбедноста и довербата се сериозно нарушени.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер