МакедонијаКоцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека врз неговата работа нема политичко влијание, оценувајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството како реален и објективен. Тој посочи на напредок во транспарентноста и борбата против високата корупција, но и на сериозни предизвици како недоволниот буџет и недостигот од кадар во Обвинителството. Информираше и за тековните постапки поврзани со дивоградбите, како и за предметот за пожарот во дискотеката во Кочани, нагласувајќи дека обвинителството постапува согласно законските надлежности. Одговарајќи на новинарски прашања поврзани со извештајот на Европската комисија околу правосудството, пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски посочи дека Комисијата правилно ги проценила работите. Прашан за коментар на ставот на премиерот Христијан Мицкоски околу делот на извештајот за правосудството, рече дека нема да коментира политичка изјава. -Европската комисија правилно ги проценила работите. Последниот период навистина се зголеми, почнувајќи од транспарентноста и потоа она сѐ што јас го ветив на почетокот, а тоа е давање приоритет на предметите за висока корупција и истите се ажурираа и до овој момент навистина имаме успех. Во однос на останатото, точно е тоа дека јавното обвинителство има помалку предвидени средства во однос на она што следува со закон и тоа го воочила Комисијата, така да во тој дел сметам дека се она што е напишано реално во однос на односот на Јавното Обвинителство. Можам да кажам одговорно дека лично на мене нема никакво влијание ни еден политичар досега во однос на некои предмети, истакна Коцевски. Прашан дали тоа што не се одобруваат нови вработувања во ЈО, го смета за притисок врз работата, Коцевски не даде став, но истакна дека и покрај барањата за нови вработувања, тие не се одобрени веќе две години, што го отежнува функционирањето на институцијата. -Јас како државен јавен обвинител досега сум одел на секој ребаланс на буџетот и сум одел на бирање на буџетот и истото го повторувам пред пратениците дека навистина ни се потребни средства онолку колку што најмалку предвидува законот. Тоа е 0,4 отсто од буџетот, со тоа што токму така, во овие последниве две години не се одобрени, ниедно вработување. Јас како државен обвинител и за минатата година барав само 100 вработување на ниво на Македонија, што значи административна служба, меѓутоа не ни беше одобрено ниедно и оваа година истото го повторив и барав само 100 вработувања. Меѓутоа и оваа година работиме со јавно-обвинителска служба од една третина, истакна Коцевски. Републичкиот обвинител информираше дека за сите пријави за дивоградби во Општината Чаир како и за територијата на цела држава се постапува со предистраги и истраги, но не може да посочи бројки. -Околу дивоградбите имаме неколку предмети. Имаме предмети во истрага, имаме предмети во предистрага. За последните случувања, знаете, вчера судот по жалба на јавното обвинителство определи притвор за потенцијалниот сторител на кривичното дело што значи Јавното обвинителство (ЈО) и понатаму ќе постапува по секоја кривична пријава или евентуално по секој поднесок во врска со дивоградбите и тука, не се сомневам дека јавните обвинители ќе постапуваат правилно. Она што вчера го слушнав дека градоначалничката поднела нова кривична пријава. Истата ќе се процесира во најбрз можен рок. Старите се во тек, што значи дека по собирање на доказите ќе се донесе јавнообвинителска одлука. Затоа, реков истрага има, така што ќе се постапи, истакна обвинителот Коцевски. Прашан дали се размислува за раздвојување на предметот поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани, Коцевски рече дека најверојатно тоа нема да се направи, дополнувајќи дека ЈО има искуство со поголем број обвинети во еден предмет. -Јавното обвинителство тргна токму од тие околности, дали може да се раздвои постапката или не може да се раздвои имајќи ги предвид низа околности. Ако се раздвоеше постапката, можеби ќе се комплицираше, а се работи за ист кривично-правен настан, што значи дека доколку таму во една постапка бидат обвинети, во друга постапка може да бидат сведоци и така натаму. Меѓутоа има и од претходното искуство што имаше предмети со над 30 обвинети. Сметам дека не е бројката многу голема и чекаме сега одобрување на обвинителниот акт. Тоа е еден предмет, а другиот предмет, се надевам дека некаде во почетокот на септември ќе заврши истрагата за полициските службеници што е предметот во организиран криминал, истакна Коцевски. Советот на јавните обвинители денеска ја одржа дваесет и седмата седница на која беа избрани по двајца нови обвинители во Основно јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Тагови: Љупчо Коцевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter