Коцев: Болницата во Кавадарци доби донација „УВ Гард", што ни е повеќе од неопходен - Канал 5

Коцев: Болницата во Кавадарци доби донација „УВ Гард", што ни е повеќе од неопходен

Општата болница со проширена дејност Кавадарци, денеска доби донација „УВ Гард" – уред за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии. 

Коцев: Болницата во Кавадарци доби донација „УВ Гард", што ни е повеќе од неопходен

Директорот на оваа јавно-здравствена установа, Диме Коцев се заблагодари до компаниите „Ми-Комерц" од Кавадарци и „REHAU" од Скопје, кои ја овозможија донацијата, покажувајќи значителна општествена одговорност, соопштија од таа јавна здравствена установа.

Македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров се креатори на „УВ Гардот".

– Уредот ни е навистина потребен и задоволни сме што од денеска ќе биде ставен во функција во Општата болница во Кавадарци. „УВ Гардот" со УВ зраци дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу. Предноста е во тоа што уредот е подвижен и ќе се употребува буквално во целата установа. Во ситуација со епидемија на КОВИД-19, овој апарат ни е повеќе од потребен за заштита на медицинскиот тим, но и на пациентите кои доаѓаат за здравствена заштита во болницата. Благодарност и до нашите иноватори кои се грижат за здравјето на вработените во здравствените установи ширум државата, изјави директорот Коцев.

Просторијата што се дезинфицира, како што се посочува, потребно е да биде празна, а УВ зраците стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите, а лицето кое ракува со овој апарат е целосно заштитен и уредот се контролира од далечина.

– Уредот за дезинфекција со УВ зраци што го изработивме за болницата во Кавадарци, денеска го донираме со поддршка од општествено одговорните компании. Да ги заштитиме здравствените работници кои се на првата линија на одбрана од коронавирусот, бидејќи тие се нашите херои, потенцираше Поцков.

Во текот на минатата недела, вакви уреди добија Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември" во Скопје, каде се лекуваат хоспитализираните пациенти од КОВИД-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер