Кобно: Татко и син загинале во подводна пештера испробувајќи го божикниот подарок

Дерин Спајви и неговиот 15 – годишен син Дилон Санчез од Флорида на божикното утро тргнале да нуркаат за да ја испробаат новата опрема којашто ја добиле како подарок. Нуркале во 90 метри длабоката подводна пештера Иглз Нест Синк, која важи за едно од најтешките места за нуркање во светот. И двајцата трагично ги изгубиле животите.

Спајви бил искусен нуркач, но без обука за нуркање во подводни пештери, додека момчето воопшто немало никаква дозвола за нуркање.
Со оглед на тоа, се уште не е јасно зошто се впуштиле во ваква опасна авантура кога се знае дека ова пештера важи за нуркачи „Гранд Кањон“, односно нуркачки „Монт Еверест“.


Местата на кои се влегува во вода за да се стигне до неа се преполни со предупредувања за тоа колку е опасно нуркањето таму, но таткото и синот не ги спречило ништо за околу 11 часот претпладне храбро да влезат во пештерата.

Откако неколку часа не излегувале ниту се јавувале на телефон, свршеничката на Спајви, Холи Кинг, решила и самата да оди на местото. Кога на паркингот го видела нивниот автомобил повикала полиција.

Потрагата набрзо започнала, а истиот ден, но околу 11 часот навечер биле пронајдени нивните тела.

Оваа пештера во изминатите 20 години била кобна за многу нуркачи, а на еден специјализиран сајт за нуркање во описот за неа се вели:

„Само за најискусните и технички добро потковани нуркачи. Низ неа се спушта како низ оџак, а дури на десетина метри подолу се отвора пространа пештера. „Главната балска сала“, зад која се отвораат други ходници и тунели кои се спуштаат уште подлабоко“.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

Ученик испил литар водка и завршил во болница

14-годишно момче од Загреб завршило во болница откако за време на прославата на последниот ден на училиште испило литар водка, објавија хрватските медиуми.

Ученикот бил пренесен во болницата во многу сериозна состојба. Покрај него, уште пет други деца биле примени во болница поради алкохолна интоксикација, објави порталот Индекс.хр.

Според директорот на болницата во Клаишева, момчето веќе е подобро.

"Вкупно беа примени шест деца со интоксикација со етил алкохол. Сите се добро, четири се отпуштени. Последните двајца пациенти се отпуштени попладнево", изјави Горан Роиќ, директор на болницата за порталот ХРТ, додавајќи дека токсиколошките наоди на дрога кај малолетници биле негативни.

притисни ентер