Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
КошаркаКоби Брајант нема да влезе годинава во Куќата на славните Претседателот на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд објави дека церемонијата за прием на нови членови заради пандемија на коронавирус е одложена од септември за почетокот на 2021 година.„Дефинитивно се откажуваме. Ќе ја одржиме церемонијата во првиот квартал од 2021 година. Во текот на следните неколку недели ќе се сретнеме и ќе ги разгледаме сите опции - кога, каде и како“, рече Џери Колангело. Во април беше објавено дека сите осум кандидати кои го поминаа првиот круг ќе влезат во Куќата на славните оваа година, а најголемото име меѓу нив е починатиот Коби Брајант. Легендата на ЛА Лејкерс загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари, нешто повеќе од два месеци пред официјално да се потврди формалноста на неговиот влез. Покрај Коби, нови жители на Куќата на славните ќе станат уште две легенди од неговата генерација - Тим Данкан и Кевин Гарнет. Покрај нив, влегуваат поранешната sвезда на ВНБА, Тамика Котингс, славниот тренер Руди Томјанович, универзитетскиот тренер Еди Сатон, тренерите Ким Мулки и Барбара Стивенс и покојниот поранешен генерален секретар на ФИБА, Патрик Бауман, кој беше номиниран од Меѓународниот комитет. Најголема чест во светот на кошарката ќе им биде доделена на тројцата новодојденци постхумно. Освен Брајант и Бауман,и Еди Сатон, кој работел како универзитетски тренер 37 години почина минатиот викенд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрогаНа ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин. За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМасовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градовиВо Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови. Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур. Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении. Hélas, j’avais vu juste : la France dérive dangereusement vers la faillite et le chaos. https://t.co/D7lQ064dTO — Julien PERIER (@JulienPERIER_83) October 17, 2026 Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42