СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
2СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
НБАКоби Брајант е четвртиот најдобар стрелец во НБА на сите времињаУтринската програма во НБА лигата во која се одиграа 10 средби ја одбележа предводникот на ЛА Лејкерс Коби Брајант . Звездата на Лејкерси од денеска е четвртиот најдобар стрелец во историјата на НБА . Брајант и покрај тоа што се уште чувствува последици од повредата беше еден од најзаслужните за триумфот над Сакраменто од 103 -98. Со 19 –те поени Брајант го помина легендарниот Вилт Чембрлен на листата на најдобрите стрелци во НБА и стана четвртиот најдобар стрелец во историјата на лигата. Коби покрај 19 поени оствари уште и 14 асистенции и 9 скока со што им овозможи на Лејкерси да го задржат чекорот со Јута во трката за пласман во плеј офот. Брајант досега во кариерата има постигнато 31 434 поени, пред него на листата на најдобрите стрелци се Џабар со 38 387, Карл Мелоун со 36 928 и Мајкл Џордан со 32 292 коша. Инаку одлична партија против Сакраменто одигра и центарот Двајт Хауард со 24 поени и 15 скока. Во другите средби , Атланта го победи Орландо со 97-88, Филаделфија беше подобра од Шарлот со 100-92, Хјустон славеше против Клиперси со 98-81, Мемфис ја победи Минесота со 99-86, Оклахома беше сигурна против Милвоки со 109-99, Јута го совлада Бруклин со 116-107, Индијана е подобра од феникс со 112-104, а Голден Стејт беше убедлив против Портланд и победи со 125-98.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар? Нема документ. Нема извештај. Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар. Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот? Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните? По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина. Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook