Министерството за дигитална трансформација прво по квалитет: доброто управување почнува со услуги без бирократија и без простор за корупција
1Обраќање на Гаши на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот
2Министерството за дигитална трансформација прво по квалитет: доброто управување почнува со услуги без бирократија и без простор за корупција
МакедонијаКоалицискиот партнер на Ципрас ја напушта ВладатаПомалиот коалиционен партнер на грчкиот премиер Алексис Ципрас ја напушта владината коалиција.Лидерот на десничарската партија Независни Грци (АНЕЛ) , Панос Каменос утрово најави дека ја напушта владината коалиција поради недоразбирање околу Договорот од Преспа со премиерот Алексис Ципрас. Најавата за напуштање на коалицијата на Каменос доаѓа по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас , со кого требаше да се договорот околу ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Се очекува Каменос во 11 часот да има прес конференција, на која ќе ги објасни причините за напуштање на кабинетот на Ципрас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаОбраќање на Гаши на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионотНа генаралната дебата на Пленарната сесија на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот настапи се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши.Делегација на Собранието во состав: претседател на Собранието, Африм Гаши, како и пратениците Петар Ристески и Илир Демири, членови на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ учествуваат во работа на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2026 година во Софија, Бугарија. Во рамките на Пленарната сесија се одржаа седници на Постојаниот комитет како и на Генералната комисија за економија, инфраструктута и енергетика, Генерална комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка, како и Генералната комисија за социјален развој, образование, истражување и наука на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ). Сите состаноци се одржуваат во рамките на бугарското претседателство со ПСЈИЕ 2025-2026. На генаралната дебата на Пленарната сесија на тема: Зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот настапи се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во прилог е интегралното обраќање на претседателот Гаши. Почитувани домаќини на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Почитувана Михаела Доцова, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија Почитувани колеги, Почитувани претставници на медиумите, Дами и господа, Почитувани пријатели, Чест ми е што денеска се обраќам на 13-тата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, посветена на тема од клучна важност за иднината на нашиот регион: „Меѓу парламентарен дијалог, зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на регионот“. Во време на сериозни геополитички предизвици, кога Европа се соочува со нови безбедносни, економски и социјални предизвици, Југоисточна Европа има обврска да покаже политичка зрелост, визија и одговорност. Нашите граѓани очекуваат стабилност, развој и европска иднина, а наша задача е да ги исполниме тие очекувања преку дијалог и соработка. Меѓу парламентарниот дијалог не е само дипломатска форма. Тој е мост на доверба меѓу народите, простор каде што разликите се надминуваат преку аргументи, а не преку предрасуди, каде што се градат партнерства наместо поделби. Парламентите се местото каде што демократијата ја наоѓа својата суштина, а токму преку парламентарната дипломатија можеме да придонесеме за посилна регионална поврзаност и поголема меѓусебна доверба. Македонија останува длабоко посветена на негувањето на добрососедските односи. Цврсто веруваме дека отворената комуникација и взаемното почитување се единствените алатки способни за надминување на историските поделби. Со тоа што седиме на иста маса и ги синхронизираме нашите законодавни рамки, ние не само што ги решаваме разликите — туку активно градиме мостови. За Република Македонија, европската интеграција не е само политичка цел. Таа е стратешка определба која е поддржана од генерации на граѓани повеќе од три децении. Нашата земја помина исклучително тежок и комплексен пат. Донесовме тешки одлуки, направивме историски компромиси и покажавме подготвеност за решавање на отворените прашања со нашите соседи, секогаш водени од визијата за заедничка европска иднина. Неколку земји кандидатки во историјата на Европската Унија направија толку длабоки и чувствителни чекори во име на европската перспектива како што тоа го направи Македонија. Тоа беше пат исполнет со надеж, но и со разочарувања. Наспроти исполнетите критериуми и позитивните оценки од европските институции, процесот честопати беше изложен на билатерални условувања кои создадоа чувство на неправда меѓу нашите граѓани. Сепак, ние остануваме цврсто посветени на европските вредности. Веруваме дека тие добрососедските односи се темелот на стабилноста и дека сите отворени прашања можат да се решат единствено преку дијалог, взаемно почитување и разбирање. Веруваме дека европската интеграција на Западен Балкан е од заеднички интерес за целиот континент. Затоа очекуваме процесот на пристапување да биде предвидлив, фер и базиран на европски критериуми. Секое понатамошно одложување не само што ги ослабува кандидатите, туку и ја намалува довербата во самиот европски проект. Мораме да ја забрзаме нашата заедничка работа во рамките на Стратегијата JИЕ2030 (SEE2030). Со унапредување на нашата дигитална трансформација, заштита на нашиот човечки капитал и поттикнување на регионалната конкурентност, покажуваме дека не само што ја чекаме Европската Унија — туку активно ги градиме европските стандарди дома. Нашата генерација има историска одговорност да ја заокружи европската интеграција на Југоисточна Европа. Да покажеме дека соработката е посилна од конфликтот, дека дијалогот е помоќен од блокадите и дека европската иднина е поважна од секојдневните политички разлики. Да продолжиме да градиме регион на доверба, стабилност и просперитет, регион кој ќе биде целосно интегриран во европското семејство. Ви благодарам на вниманието. Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат парламентите на земјите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора своите цели и задачи ги базира на принципите на регионална сопственост и европска интеграција. Парламентарното собрание игра значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на меѓупарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската унија.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаМинистерството за дигитална трансформација прво по квалитет: доброто управување почнува со услуги без бирократија и без простор за корупцијаМинистерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на Индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година. Признанието беше доделено на настан организиран од Министерството за јавна администрација, согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека ова признание претставува чест, но и голема одговорност за Министерството и за сите вработени. „Фактот што Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година, по само две години од постоењето, е потврда дека кога институцијата има фокус кон граѓаните, организирани процеси и посветен тим, резултатите стануваат видливи и мерливи“, истакна Андоновски. Мерењето за 2025 година беше реализирано преку комбиниран пристап, кој ги опфаќа и перцепцијата на корисниците и реалното искуство при добивање услуга. Во истражувањето беа опфатени десет јавни институции, 627 испитаници во анкетниот дел и 70 „тајни клиенти“. Министерот Андоновски нагласи дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијата. Според него, кога процедурите се јасни, дигитални и следливи, се намалува просторот за субјективност, непотребно одолговлекување и коруптивно однесување. „Тоа е суштината на дигиталната трансформација. Не технологија заради технологија, туку подобра јавна услуга. Помалку чекање. Помалку бирократија. Повеќе доверба во институциите. А кога процесите се дигитални, јасни и следливи, се намалува просторот за субјективност, за непотребно одолговлекување и за коруптивно однесување“, порача Андоновски. Тој посочи дека токму тоа е суштината на дигиталната трансформација — не технологија заради технологија, туку подобра јавна услуга, помалку чекање, помалку бирократија и повеќе доверба во институциите. Министерството за дигитална трансформација, преку процесите на дигитализација, интероперабилност и електронско работење, работи на намалување на административниот товар за граѓаните и компаниите, како и на создавање јавна администрација која функционира како сервис, а не како пречка. „Ова признание го гледам и како поттик за целата јавна администрација. Не постои институција која не може да се подобри. Не постои услуга која не може да се поедностави. И не постои процес кој не може да стане потранспарентен, побрз и попредвидлив за граѓаните“, истакна Андоновски. Министерот упати благодарност до вработените во Министерството за дигитална трансформација, нагласувајќи дека наградата е пред сè признание за нивната секојдневна работа, посветеност и професионалност. „Ова е нивна награда. На луѓето кои секојдневно работат со граѓани, со институции, со системи, со проблеми кои често не се гледаат однадвор, но од кои зависи дали една услуга ќе функционира или не“, рече Андоновски. Тој изрази благодарност и до Министерството за јавна администрација за спроведувањето на процесот, посочувајќи дека ваквите мерења внесуваат култура на отчетност, споредување и препознавање на добрите практики и слабостите во јавниот сектор. „Нашата цел останува иста: институции кои работат побрзо, поефикасно и почесно; услуги кои се креирани околу потребите на граѓаните; и јавна администрација која гради доверба“, порача министерот Андоновски. Министерството за дигитална трансформација продолжува со уште поголема посветеност во дигитализацијата на услугите, зајакнувањето на интероперабилноста меѓу институциите и унапредувањето на квалитетот на јавните услуги за граѓаните и компаниите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владата е цврсто посветена на модернизација на јавната администрацијаОбраќање на премиерот Мицкоски на конференција по повод Денот на јавните службеници.„Особена чест и задоволство ми претставува денес, по повод Денот на јавната администрација, да се обратам пред луѓето кои се едни од најважните носители на функционирањето на државата, луѓето кои можеби не се секогаш во центарот на вниманието на јавноста, но кои секојдневно, преку својата работа, своето знаење и својата одговорност, обезбедуваат институциите да функционираат, законите да се спроведуваат и услугите да стигнуваат до граѓаните. Денес не одбележуваме само професионален празник. Денес оддаваме признание на една служба која е столб на секоја современа и успешна држава. Затоа што државата не е само Владата, не е само Собранието, не се само министрите и избраните функционери. Државата се и илјадниците луѓе кои секое утро ги отвораат вратите на институциите, кои ги подготвуваат одлуките, ги спроведуваат законите, ги услужуваат граѓаните и обезбедуваат системот да функционира“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на денешниот настан „Денот на јавните службеници“. „И токму затоа денес сакам отворено да зборувам и за предизвиците, но и за можностите кои стојат пред нас. Свесен сум дека кога ќе се спомене јавната администрација, кај дел од граѓаните не секогаш се јавуваат позитивни чувства. Свесен сум дека постојат критики, дека постои незадоволство и дека многумина очекуваат побрзи, поквалитетни и поефикасни услуги од институциите. И не би било чесно денес, на овој ден, да се преправаме дека тие критики не постојат. Но, исто така би било неправедно и неточно доколку целата одговорност се обиде да се стави врз луѓето кои работат во администрацијата. Затоа што оваа перцепција не е создадена вчера, ниту минатата година. Таа е резултат на процес кој траел со години, па и со децении. Резултат на систем кој премногу долго бил оптоваруван со бирократија, со застарени процедури, со недоволна дигитализација, со нејасни критериуми за напредување и со практики кои често повеќе ја штителе формата отколку суштината. Премногу долго граѓаните се соочуваа со институции во кои за едноставна услуга беа потребни денови, недели или месеци. Премногу долго се создаваше чувство дека системот е комплициран, бавен и недостапен. И тоа чувство со текот на времето прерасна во недоверба. Но, кога зборуваме за таа недоверба, мора да бидеме искрени и да кажеме дека проблемот не бил само во луѓето. Проблемот бил во начинот на кој системот бил поставуван и граден со години. Токму затоа нашата задача денес не е да бараме виновници за вчерашните слабости, туку да создадеме решенија за утрешните успеси“, додаде Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека задачата на Владата и институциите е да се изгради администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка пред нивните потреби. „Нашата задача е да изградиме администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка пред нивните потреби. Администрација која ќе биде препознаена по брзината на услугата, по љубезноста на односот, по професионалноста во работењето и по ефикасноста во решавањето на проблемите. Администрација која нема да биде симбол на чекање, туку симбол на решавање. Светот денес се менува со огромна брзина. Новите технологии ги менуваат економиите, ги трансформираат институциите и создаваат нови очекувања кај граѓаните. Луѓето денес со право очекуваат услугите што ги добиваат од државата да бидат подеднакво брзи и едноставни како услугите што ги добиваат од приватниот сектор“, нагласи тој и додаде дека реформите во јавната администрација не се прашање на политички избор, туку се прашање на неопходност. „Токму затоа реформите во јавната администрација не се прашање на политички избор. Тие се прашање на неопходност. Не можеме да зборуваме за модерна економија ако имаме застарени административни процедури. Не можеме да зборуваме за конкурентна држава ако инвеститорите се соочуваат со административни бариери. Не можеме да зборуваме за доверба во институциите ако граѓаните чувствуваат дека системот не ги следи нивните потреби. Затоа Владата останува цврсто посветена на процесот на модернизација на јавната администрација, на дигитализација на услугите, на намалување на бирократските процедури и на создавање институции кои ќе бидат поблиску до граѓаните отколку кога било досега. Но реформите не можат да се спроведат само со нови закони и нови стратегии. Реформите ги прават луѓето. Тие зависат од секој службеник кој ќе одлучи да биде дел од промените. Тие зависат од секој раководител кој ќе избере резултатите да бидат поважни од формалностите. Тие зависат од секоја институција која ќе ја прифати културата на отчетност, одговорност и професионалност. Јас искрено верувам дека огромното мнозинство од вработените во јавната администрација се чесни, посветени и вредни луѓе кои сакаат да работат професионално и кои сакаат да бидат дел од позитивните промени во државата“, објасни Мицкоски. Мицкоски изјави дека ако сакаме Македонија да забрзува мора да забрзуваат и институциите, како и дека ако сакаме поголема доверба во државата, мора да имаме поголема доверба во институциите. „Нашата задача како Влада е да создадеме систем кој ќе ги препознае, мотивира и награди токму таквите луѓе. Систем во кој знаењето ќе биде предност. Систем во кој интегритетот ќе биде вредност. Систем во кој резултатите ќе бидат мерка за успех. Систем во кој граѓаните ќе бидат најважниот критериум за тоа дали сме успешни или не. Македонија денес се наоѓа во период на силен развоен циклус. Се градат патишта, се отвораат нови инвестиции, се реализираат капитални проекти, се создаваат нови можности за економски раст и за подобар животен стандард. Но секој од тие процеси, секоја инвестиција, секој проект и секоја реформа на крајот поминува низ институциите. Затоа успешната администрација не е само административно прашање. Таа е развојно прашање. Таа е економско прашање. Таа е прашање на доверба во државата. Ако сакаме Македонија да забрзува, тогаш мора да забрзуваат и институциите. Ако сакаме повеќе инвестиции, мора да имаме поефикасни институции. Ако сакаме повеќе можности за младите, мора да имаме подобри јавни услуги. Ако сакаме поголема доверба во државата, мора да имаме поголема доверба во институциите. Затоа верувам дека најдобрите денови за јавната администрација се пред нас. Верувам дека можеме да изградиме институции кои ќе бидат пример за професионалност. Верувам дека можеме да изградиме администрација која ќе биде гордост на државата. Верувам дека можеме да создадеме систем во кој граѓаните ќе чувствуваат дека институциите работат за нив и за нивните потреби. И верувам дека заедно можеме да ја вратиме довербата таму каде што таа најмногу му е потребна на едно општество, во државните институции“, рече Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook