Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување - Канал 5

Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување

Од страна на Коалицијата за зелена иднина на граѓаните во градскиот парк во Скопје им беше порачано дека борбата за праведен, еколошки и инклузивен град е борба за достоинство, а не за власт. 

Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување

Носителката на листата за Совет на Град Скопје, Ана Карајанова-Димитрушева, кандидатката за советник во Град Скопје, проф. д-р Ана Угринска, носителот на листата за советници во Општина Центар, проф. д-р Антони Новотни, носителот на листата за советници во Општина Карпош, Александар Анѓушев, и кандидатката за советник во Карпош, Љубица Шопова, денес во Градскиот парк во Скопје ја споделија со граѓаните својата визија за зелен, достоен и инклузивен град – град кој не е за преживување, туку за живеење.

„Скопје мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање. Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На инклузијата не треба да се гледа како на трошок, туку како мерка за достоинството на градот,“ порача Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје.

„Етичката политика значи хуман град каде што јавниот интерес е над личниот профит. Време е Советот на градот да работи со интегритет и знаење,“ изјави проф. д-р Ана Угринска.

„Нашата визија за Центар е јасна, а тоа е транспарентност за секој потрошен денар и нула толеранција кон корупција. Центар треба да биде пример за чесна и зелена општина,“ нагласи проф. д-р Антони Новотни.

„Во Карпош сакаме да воведеме ред и ефикасност, урбан развој што ќе го стави човекот пред бетон. На Карпош потребен му е Совет што ќе одлучува според податоци, јасни рокови и јавен интерес, а не според импровизации и привилегии,“ изјави Александар Анѓушев, носител на листата за Карпош.

„Културата и јавниот простор се дел од инфраструктурата на градот. Кога уметноста и зеленилото се враќаат меѓу луѓето, тогаш Скопје повторно добива пулс,“ додаде Љубица Шопова, кандидатка за советник во Општина Карпош.

Од страна на Коалицијата за зелена иднина на граѓаните во градскиот парк во Скопје им беше порачано дека борбата за праведен, еколошки и инклузивен град е борба за достоинство, а не за власт. Скопје и неговите општини заслужуваат Совети кои ќе водат грижа за заедницата, а не за нечиј тесни интереси. Изборот на бројот 8 на 19-ти октомври значи избор на чесност и знаење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер