Коалиција „Вреди“ : ДУИ преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок

Седат Сулејмани од изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини ДУИ дека преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок во 6. изборна единица.

-Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. Оваа појава е уште поизразена во шестата ИЕ. Повеќе од еден месец Тетово се претвори во град во кој бандите се борат меѓу себе среде бел ден, каде што затворениците слободно се движат. Додека одредени полицајци секојдневно ги притискаат граѓаните од шестата ИЕ, дури и преку телефонски јавувања, да излезат на митинзи на ДУИ и да гласаат за ДУИ на претстојните избори. Сето ова се случува откако ДУИ на незаконски начин, го држи на функција шеф на Секторот за внатрешни работи, Шефик Бајрами, кој е познат како злобната и одмаздничка рака на ДУИ. Граѓаните во Тетово се изразително потресени од криминалот и настаните што се случија во Тетово откако Шефик Бајрами незаконски беше именуван шеф на Секторот за Внатрешни Работи, истакна Сулејмани на прес-конференција во Тетово.

Тој рече дека имајќи ги предвид секојдневните инциденти и случувања, директно го прашуваат министерот за внатрешни работи дали Секторот за внатрешни работи во Тетово и началникот Шефик Бајрами се под контрола на министерот за внатрешни работи?

-Дали ситуацијата и вработените во СВР Тетово се под контрола на началникот? Зошто началникот доброволно го прифати сопственото деградирање од функцијата „помошник директор“ во „началник на СВР“ Тетово и тоа само неколку дена пред формирањето на техничката влада? Од друга страна, ја прашуваме и ДУИ: Министерот бара Владата да го разреши првиот човек на СВР - Тетово, но Владата незаконски го задржува на функцијата. Зошто?!! Која е улогата на началникот на СВР Тетово назначен од страна на ДУИ?! Што очекува власта од овој началник?! Да обезбеди безбедност за време на изборниот процес или или да контролира камионите на јавните претпријатија во Тетово и Гостивар?! Или да создаде паника и небезбедност кај граѓаните?! Додека ДУИ ќе ни даде одговори на овие прашања, ние ќе им ги образложиме точните задачи на овој началник на СВР Тетово, именуван од страна на ДУИ, рече Сулејмани.

Тој покажа снимките и фотографиите од собирите на ДУИ на социјалните мрежи и медиумите, кои според Сулејмани се докази.

-Докажуваат дека овој началник има задача да менаџира со полицајците и полициските инспектори, одредувајќи кој треба да отиде во кој штаб на ДУИ треба да оди, имајќи ги лично под контрола тие полицајци дури и на собирите на ДУИ! Ви прикажуваме само дел од тие фотографии на кои можете лично да го видите првиот човек на СВР Тетово како се шета по партиски активности и врши притисок врз граѓаните но и врз вработените во полицијата. Овие се само неколку фотографии на самиот началник на СВР Тетово и на некои од инспекторите контролирани од него во некои штаби на ДУИ во Тетово и Гостивар, каде присутни биле и Ариф Асани и Ардит Џафе, кои, исто така, се советници во кабинетот на заминик министерот Назим Буши, изјави Седат Сулејмани.

Тој рече дека тие фотографии ќе ги испратат до сите амбасади и релевантни меѓународни институции, за да имаат појасна слика за ситуацијата за време на кампањата и колку демократски и коректни ќе бидат изборите во регионот на Тетово и пошироко.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

JPMorgan се соочува со блокирање на својот имот во Русија

Од американската банка JPMorgan изјавија дека нејзините активи во Русија може да бидат конфискувани по барањата за блокирање на средства поднесени во руски и американски судови.

Банката се судира со правни притисоци поради тоа што сè уште води бизнис во Русија откако САД и европските земји воведоа економски санкции против Русија а поради нејзината инвазија во Украина.

Висината на средствата што можат да бидат блокирани ја надминува вредноста на имотот на JPMorgan во Русија.

Руски суд минатиот месец донесе одлука за блокирање на средствата на руски сметки на подружницата на JPMorgan во Русија откако руската државна банка ВТБ поднесе барање за враќање на своите средства блокирани во странство што таа ги оценува во вредност од 439,5 милиони долари.

Од JPMorgan изјавија дека според американските закони таа не смее да предава средства на компании кои се под санкции. ВТБ е внесена во списокот санкции на САД во февруари 2022 година. /МИА

притисни ентер