Книжевницата Сарџоска на поетски фестивал во Риека

 На покана на Друштвото на хрватски писатели, македонската книжевница Наташа Сарџоска учествуваше на литературниот фестивал „Пријатели на книгата“ во Риека, заедно со бројни поетски имиња од регионот.

Таа во текот на месецов настапи со свои песни на македонски и на хрватски јазик, во македонскиот културен центар „Илинден“ каде што воедно ѝ беше врачена награда за поетска книга објавена надвор од Хрватска за делото „Часови по измама“ во издание на Издавачки центар „Три“. Наградата ѝ ја врачија Валерио Орлиќ и Ерни Џиганте Десковиќ.

Ова е шеста нејзина поетска книга, а по романот првенец „Трамонтана“ наскоро ќе излезе од печат и нејзиниот втор роман кај истоимениот издавач. За оваа наградена поетска книга, Виолета Танчева Златева ќе напише:

-И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“? Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси, вели Танчева Златева.

Фајнер: САД имаат за цел да ја натераат Русија да оди на мировни преговори до крајот на 2024

Според него, во 2024 година САД, Европа и самата Украина, ќе ги зголемат капацитетите на нивните воено-индустриски комплекси. 

Вашингтон планира да ја стави Москва пред избор - или да оди на преговори или „тие ќе имаат работа со многу посилна Украина, потпрена на многу помоќна индустриска база во САД и Европа, изјави Џонатан Фајнер, заменик помошник на советникот за национална безбедност на претседателот на САД.

Според него, тогаш и Украина би била подготвена и „способна за нови офанзиви“.

-САД имаат за цел да ја натераат Русија да оди на мировни преговори кон крајот на 2024 година и тоа под услови прифатливи за Украина, со почитување на Декларацијата на ОН во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, изјави Фајнер синоќа во интервју за Пи-Би-Ес.

Според него, во 2024 година САД, Европа и самата Украина, ќе ги зголемат капацитетите на нивните воено-индустриски комплекси.

-Се водат работи на зголемување на обемите на одбранбеното производство и на украинските фабрики, рече тој, додавајќи дека слични напори се преземаат и во Европа.

Фајнер верува дека за година, година и пол, западните земји ќе стојат „на многу поцврсти темели отколку сега“. /МИА

Муслиу: ДУИ сака да покаже дека оваа држава е за сите граѓани

Муслиу: Оваа држава е за сите граѓани и табуата треба да се надминуваат со примери.

Самиот факт дека Џафери е предложен за Технички Премиер е најверојатно поради тоа што тој како личност послесно се прифаќа меѓу гласачите. Изминатиот перидод се шпекулираше дека на сите позиции ќе биде Албенец и така се плаше граѓаните, ова е сега номинација која смирува во насока дека не се такви намерите. ДУИ сака да покаже дека оваа држава е за сите граѓани и тие табуа треба да се надминуваат со примери, тоа се политичките пораки кои треба да влијаат во сплотувањето на сите во државата, рече Алберт Муслиу во Само Вистина.

Велика Британија и платила на Руанда 230 милиони фунти за блокираниот договор за азил

Британскиот премиер Риши Сунак денеска е под притисок да објасни зошто владата и плати на Руанда 230 милиони фунти за да прими баратели на азил кои Лондон не ги сака, а според тој договор ниту еден азилант не отишол таму.

Таа сума е речиси двојно поголема од 140 милиони фунти што Обединетото Кралство претходно изјави дека и ги дала на владата на Руанда според договорот од април 2022 година. Според тој договор, мигрантите кои илегално ќе го преминат Ла Манш во Велика Британија ќе бидат испратени во Руанда, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил, што ќе зависи од тоа што ќе им се случи подоцна.

Планот беше оспорен пред судовите во ОК, каде минатиот месец Врховниот суд пресуди дека политиката е незаконска, бидејќи Руанда не е безбедна земја за бегалците.

Планот за имиграција е клучен за целта на британската влада да ги спречи барателите на азил да го преминат Каналот од Франција до Англија со бродови, што го направија повеќе од 29 илјади луѓе оваа година и 46 илјади минатата година. /МИА

притисни ентер