Книга афоризми за жената од Атанас Крлевски - Канал 5

Книга афоризми за жената од Атанас Крлевски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје објави книга со афоризми „Цветен пазар“ на македонскиот афористичар Атанас Крлевски, која содржи близу 400 афоризми посветени на жената.

Книга афоризми за жената од Атанас Крлевски
Тие се поделени во два циклуса: „Една жена – цвет, две жени – букет, три жени – цветен пазар!“ и „Бракот е последната глупост на ергенлакот“, а на крајот се објавени осврти за афоризмите на Крлевски од Ана Витанова Рингачева, Душко Кралевски и Сашо Бетоски.

- Жената, љубовта и бракот се трите жаришта врз кои тлеат и искрат афоризмите на Крлевски. Во творечкиот опит на Крлевски трите жаришта се само три распрснати искри од еден пламен. И во претходните свои книжевни остварувања, авт­орот не ја заобиколуваше жената, напротив таа беше неодминлива инспирација за препознат­ли­ви­те крлевизми, единствени, оригинални и уме­ре­ни. Луцидно, со внимателно одбрани зборови, жената се внесува како метафора, но истовреме­но таа е и муза на творечкото око на авторот: Постојат жени што лесно се сакаат, но до нив тешко се стигнува, пишува Витанова Рингачева во поговорот.

„Крлук“ е четврта книга со афоризми на Атанас Крлевски. Претходно ги објавил „Крлевизми“, „Окрлавени мисли“ и „Крлук“.

Крлевски (1956 година – Ташкент, Узбекистан, живее и работи во Велес) афоризми пишува три и пол децении, автор е на многу антологиски афоризми, наградуван е во земјата и во странство и е застапуван во меѓународни антологии.

Објавувал во „Остен“, „Студентски збор“, „Млад борец“, „Македонски остен“, а денес соработува во повеќе печатени и електронски сатирични списанија и портали во земјата и во странство. Меѓу другото, застапен е во неколку антологии со афоризми објавени во земјата и во странство. Член е на балканското здружение на афористичари. Добитник е на неколку награди за афоризми. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим

Спектакл во Манчестер и Рим, но не помалку возбудливо беше и во другите градови, каде што се одигра 2. коло од Лигата на шампионите!

Дербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Манчестер Сити со 4:2 на „Етихад“, додека Реал Мадрид, по неверојатен пресврт, ја победи Рома со 4:3 на Олимпискиот стадион.

Уште од самиот почеток, ПСЖ покажа дека е подготвен за уште еден голем европски подвиг, а прашањето за победникот практично го реши уште во првото полувреме.

Од друга страна, Реал Мадрид и Рома приредија вистински фудбалски трилер во италијанската престолнина. Кралевите од Мадрид со резулатски превсрт ги освоија бодовите против Рома.

среда

ЛАСК Линц - Ливерпул 3:6

Феенорд - Комо 3:2

Бетис - Порто 3:2

Рома - Реал Мадрид 3:4

Астон Вила - Фенербахче 6:0

Боде Глимт - Борусија Дортмунд

Манчестер Сити - Пари Сен Жермен 2:4

Шахтјор - АЕК 3:1

Слован Братислава - Штутгарт 0:3

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле.

Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон.

Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер.

Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Обилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. 

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк.

Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих.

Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај.

Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата.

Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила.

Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум.

Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар.

Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри.

Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот.

Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер