Клучни разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок, научниците открија „жешки точки“! - Канал 5

Клучни разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок, научниците открија „жешки точки“!

Научниците  веруваат дека покачениот тестостерон ја намалува способноста на мозокот самиот да се проверува.

Клучни разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок, научниците открија „жешки точки“!

За прв пат, научниците дојдоа до сознание дека машкиот и женскиот мозок функционираат различно. Една од најконтроверзните теми со која научниците се занимаваат со години е дека машкиот и женскиот мозок се различно поврзани. Според некои стручни лица, тоа се должи на природата, а не на биологијата, која го обликува начинот на кој размислуваме и чувствуваме.

Научниците од Универзитетот Стандфорд откриле како е можно да се разликуваат половите врз основа на извесни „жешки точки“, пренесува британски „Сан“.

Клучните разлики на мозокот се во „стандардниот режим“ кој ни помага да ја обработиме идејата за „јас“ и да ги вратиме спомените. Исто така, засегнати се и делови од мозокот одговорни за учење и регулирање на емоциите. Претходните истражувања покажаа кој има подобро чувство за правец и координација, а кој подобро чувство за учење јазик. Научниците открија дека мажите се подобри возачи, дека се природно подуховити и поимпулсивни.

Кога станува збор за навигациските вештини, мажите покажале подобри резултати од жените. Меѓу сите видови, мажјаците биле подобри во пронаоѓањето на патот до живеалиштето отколку женките.

Од друга страна, иако меѓу имињата на комичарите честопати се провлекуваат имиња на многу жени, научниците од Универзитетот Абериствит и од ОН на Северна Каролина спровеле 28 студии за тоа кој е подуховит меѓу 5.000 луѓе. Тие сакале да откријат кој има подобра смисла за хумор, мажите или жените, и ги натерале испитаниците да го оценуваат хуморот на мажите и жените без да им го откриваат полот.

Во 63 отсто од случаите се покажало дека мажите се подуховити. Освен тоа, истражувањата дошле до заклучок дека посилниот пол е повеќе склон кон храбри одлуки отколку жените. Повисоките нивоа на тестостерон кај мажите ја зголемуваат импулсивноста и тие имаат повеќе полови хормони што циркулираат низ крвотокот од жените.

Како дел од студијата, на група мажи им била дадена доза тестостерон, а потоа им биле зададени математички проблеми за кои било потребно размислување пред да се дојде до точниот одговор. На другата група испитаници не им бил даден тестостерон, но исто така, им било побарано да ги решат задачите. Истражувачите откриле дека првата група се држела до првичните одговори и побавно реагирала на точниот одговор од втората група, пишува овој портал. Истражувачите веруваат дека зголеменото ниво на тестостерон ја намалува способноста на мозокот да се проверува.

Од друга страна, женскиот мозок се покажал подобар во читање и пишување, како и во помнење. Покрај тоа, жените биле подобри во учењето јазици. Сосема очекувано, бидејќи претходните истражувања од Австралија покажаа дека девојчињата подобро се снаоѓаат во училницата од момчињата, а овој тренд е забележлив од десетгодишна возраст до полнолетство.

Истражувачите ги разгледувале резултатите на четири милиони средношколци во текот на три децении и дошле до шокантно откритие дека кај момчињата почесто се дијагностицираат проблеми во учењето отколку кај девојчињата. Тимот истражувачи забележал проблеми во однесувањето, како што е невниманието, кои укажуваат на различното функционирање на мозокот кај двата пола.

Исто така, науката е на страна на жените кога станува збор за меморирањето. Во 2010 година, истражувачите од Универзитетот Кембриџ откриле дека женскиот мозок е поспособен да запомни многу повеќе од машкиот. Исто така, други истражувања покажале дека жените се повешти за користењето и учењето јазици од мажите. Резултатите покажале дека мозокот кај жените покажува поголема активност во областите што се користат за обработка на јазикот, додека кај мажите активноста е поврзана со области поврзани со визуелните и аудитивните функции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер