Клубови во Амстердам воведуваат месечна претплата од 24,50 евра поради помалиот интерес кај младите - Канал 5

Клубови во Амстердам воведуваат месечна претплата од 24,50 евра поради помалиот интерес кај младите

- Здружени четири ноќни клуба во Амстердам воведоа месечна претплата од 24,50 евра, што овозможува неограничен влез.

Клубови во Амстердам воведуваат месечна претплата од 24,50 евра поради помалиот интерес кај младите

Иницијативата, наречена „Ноќна пропусница (Nachtpas)“, е покрената во соработка со четири клуба - „Гараж норд (Garage Noord)“, „Нахбар (Nachbar)“, „Скатекафе (Skatecafe)“ и „Радио радио (Radio radio)“ - како одговор на намалувањето на посетеноста и стремежот кон помали трошоци кај младите, а сѐ тоа - поради зголемените трошоци за живот. Следствено, првите 150 претплати беа распродадени речиси веднаш, додека отворени се и листи на чекање, објави „НЛ тајмс (NL Times)“.

Во заедничка изјава, организаторите нагласуваат дека нивните клубови се независни културни простори коишто работат под зголемен финансиски притисок во скап град и ги здружиле силите за да ја збогатат ноќната програма по повод 750-годишнината од Амстердам. Тие ги повикуваат државните институции посериозно да ја сфатат културата на ноќниот живот и нејзиното значење за холандската престолнина.

„Новата пропусница е практичен одговор на зголемените трошоци за живот, но и начин да се врати ноќниот живот кај младите луѓе, кои сè повеќе ги намалуваат излегувањата... Гледаме дека сè станува поскапо и дека луѓето излегуваат помалку поради тоа“, велат сопствениците.

Според анализа на „Рабобанк“, во случај на ескалација на конфликтите на Блискиот Исток, цената на горивото во Холандија би можела да се зголеми на околу три евра за литар, додека месечните сметки за енергија за нови договори би можеле да надминат 400 евра, во зависност од нарушувањата на светскиот пазар. Младите Холанѓани се особено ранливи на финансиски притисоци, а истражувањата покажуваат дека лицата под 23 години кои имаат долгови имаат до 13 пати поголема веројатност да се вклучат во криминал поврзан со дрога отколку нивните финансиски стабилни врсници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита

Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита

Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги.

Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за семејствата, за најранливите категории граѓани и за сите оние на кои им е потребна сигурност и стабилност.

Здравството добива дополнителни околу 1 милијарда и 811 милиони денари, затоа што граѓаните заслужуваат подобри услуги, модерна опрема и функционални здравствени установи.

Образованието со повеќе од 1 милијарда денари дополнителни средства, инвестиција во училиштата, студентите, учениците и иднината на нашата држава.

Паралелно, се обезбедуваат повеќе средства за земјоделците, за железничкиот сообраќај, за породилното боледување, за МОЈ ДДВ и за поддршка на ученичкиот и студентскиот стандард.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари.

Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство.

Овој Ребаланс не е само збир на бројки. Ова се реални средства зад кои стојат реални луѓе родители, пензионери, земјоделци, работници, наставници, здравствени работници и млади кои ја градат својата иднина.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија - за граѓаните македонски планини и езера

Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел.

СДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија - за граѓаните македонски планини и езера

На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија.

На границите - гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана.

Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ.

Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско.

Тогаш не може да се заканува на неистомислениците.

Не може да се ослободуваат криминалци како Латас и Груевски.

Не може да се враќа имот стекнат преку криминал - како Белата палата.

Мицкоски не го боли главата.

Цела ВМРО-ОКГ си обезбеди бугарски државјанства и ЕУ пасоши, за себе и за своите семејства.

Тие не чекаат на граница.

Тие поминуваат преку посебен ЕУ премин.

Имаат и фирми во ЕУ, во Бугарија.

Мицкоски, бидејќи го болат колената од клечење уште од кампањата кога ветуваше сè и сешто и молеше за власт, лета со државниот авион.

Тој воопшто не ги чувствува проблемите на Македонија како слепо црево на Балканот и во Европа.

Додека на граѓаните им порачува езера и планини, тие одат на луксузни дестинации.

Белгија е една од поскапите земји во ЕУ, но тоа не е проблем. Мицкоски и неговите тендер-патриоти можат да си го дозволат тоа.

Кога може само за часовник од колекцијата да даде 65.000 евра, зошто не би можел и една „екскурзија“?

А ти, народе македонски, гледај во празниот фрижидер и крпи крај со крај.

Мицкоски е повторно – горд.

Скопје, 01.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер