Клубот Башакшехир ја казни фудбалската ѕвезда Арда Туран со 370.000 евра - Канал 5

Клубот Башакшехир ја казни фудбалската ѕвезда Арда Туран со 370.000 евра

Турскиот фудбалер Арда Туран кој игра во истанбулскиот тим Башакшехир како позајмен играч од Барселона, ќе ја плати цената за своето арогантно однесување и инцидентот што го предизвика во ноќен клуб.

Клубот Башакшехир ја казни фудбалската ѕвезда Арда Туран со 370.000 евра

Клубот процени дека „несоодветното однесување на Туран не се вклопува во етичкото и професионалното разбирање на фудбалот“ и го казни со 370.000 евра. Поранешниот турски репрезентативец продолжува редовно да ги извршува своите обврски за клубот до судска пресуда за инцидентот во кој учествуваше.

Туран е обвиент поради напад врз турскиот пејач Беркај Шахин, поради што Обвинителството во Истанбул побара затворска казна од 12 и пол години.

Инцидентот се случи минатата седмица во ноќен клуб во Истанбул, а 31-годишниот фудбалер го нападнал пејачот и му го скршил носот.

Во ноќниот клуб за време на нападот присуствувала и сопругата на Шахин, а како што објавија турските медиуми причина за расправијата биле токму навредите на Туран упатени кон неа.

Туран е обвинет за сексуален напад, незаконско носење на огнено оружје, закани по живот и намерно нанесување тешки телесни повреди.

Искусниот 31-годишен играч од средниот ред не прави проблеми првпат. Во мај на Туран му беше изречена парична казна од 9.200 долари и доби суспензија од 16 натпревари, откако нападна помошен судија за време на натпревар од турското фудбалско првенство, а минатата година беше исфрлен од Барселона, бидејќи сакаше да се пресмета со новинар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

Продолжува отчетот пред граѓаните.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа.

Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција.

Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

„Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски.

Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните.

„Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски.

Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија.

Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.

„Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во Македонија

Секој трет смртен случај лани бил резултат на кардиоваскуларни заболувања. 

Д-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во Македонија

6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат.

Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце. Во неделата за заштита од кардиоваскуларните заболувања објаснува кардиологот Ирена Митевска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените

Повеќе превенција, подобар скрининг и редовни прегледи и редовна терапија– ова е пораката од третиот „Розов пикник појадок“ во скопскиот Градски парк. Здружението „Хема Онко“ потсетува дека раното откривање на ракот на дојка може да спаси живот.

„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените

,, Денес ова што го правиме ја обединува цела Македонија.Се трудевме оваа година да ја направиме како прослава на животот,,- Хема Онко- организатори

Најсилните пораки, сепак, дојдоа од жените кои веќе ја поминале борбата со ракот на дојка. Тие зборуваа за стравот, неизвесноста и тешките моменти низ кои минувале, но и за поддршката и истрајноста што им помогнале да продолжат.

,,Да ја пренесуваме пораката дека за ваквите болести за Карциномот не смееме да ќутиме, значи ова не е нешто коешто треба да се сокрие како бункер со пари во ѕид.За ова треба активно зборување,масовно зборување,масивни прегледи затоа што само со поддршка ние се менуваме позитивно и остатокот од животот го поминуваме како маратонки со искуство,, - Тереза Балаловска

,, Јас како онколошки пациент веќе 5 години со тоа што веќе имав и повторување на болеста би рекла секогаш бидете позитивни, сакајте се самите себе колку тоа и да делува е егоистички не е така затоашто кога ќе сфатиме со која борба се бориме сфаќаме дека животот е на прво место, среќата и здравјето,,- Наташа Бабулова

,,За мене барем секогаш имало терапија на време и би им препорачала на останатите пациенти да не се затвараат во четири ѕида, туку да споделуваат искуства, да бараат поддршка од сите нас затоашто многу не има би им препорачала на сите девојки да прават самопрегледи барем еднаш месечно кога се тушираат затоашто самото тело дава знаци,,- Марина Камберска

Но, за рано откривање не се доволни само индивидуалните прегледи. Министерот за здравство Сашо Клековски како клучен проблем го посочува недостигот на организиран скрининг за рак на дојка.

,,Во моментов главен проблем ни е скринингот за рак на дојка.Таа спрема Ревизијата што се направи од Државниот Завод за ревизија можам да кажам дека е неуспешна и дека мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу брзо со Хема-Онко ќе најдеме јазик да промовираме нешто ново за скрининг програмата. Во однос на терапијата за рак на дојка ние префрливме два лека на позитивна листа за да можат пациентите што се на хронична терапија да го земаат во аптека, за да не мора да доаѓаат на Клиниката за Онкологија,, – Сашо Клековски министер за здравство

Според последните меѓународно споредливи податоци, годишно се регистрираат околу илјада нови случаи во земјава, а официјалните здравствени податоци и натаму укажуваат дека болеста е водечка причина за смрт од малигни заболувања кај жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер