Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
1Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
3Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
СветКловнот Тито (18) носи зрак радост меѓу децата во Газа (ВИДЕО)На возраст кога повеќето негови врсници одат на училиште, спортуваат или се занимаваат со социјални медиуми, 18-годишно дете кловн од Газа, познато под уметничкото име Чичко Тито, секој ден го ризикува својот живот.На возраст кога повеќето негови врсници одат на училиште, спортуваат или се занимаваат со социјални медиуми, 18-годишно дете кловн од Газа, познато под уметничкото име Чичко Тито, секој ден го ризикува својот живот за да ги насмее децата пред ужасите на војната. Неговата работа? Да предизвика насмевка на лицата на најмладите во регион каде што тоа стана речиси невозможно. View this post on Instagram A post shared by محمد نايف سالم (@uncle_tito_6) „Се трудам да им ја вратам радоста на децата“ „Имам многу необичен живот“, почнува овој млад човек, кој работи како детски забавувач веќе шест години, облечен во шарени комбинезони, цветен цилиндер и задолжителен црвен нос како кловн. Она што започна како игра со неговиот чичко, кој му го даде прекарот Чичко Тито, стана негова животна мисија. Но, неговото потекло е далеку од вообичаената детска бајка. Роден и израснат во северна Газа, Тито е ученик на циркуското училиште во Газа - училиште кое се занимава со циркуска уметност и психосоцијална поддршка за деца. View this post on Instagram A post shared by محمد نايف سالم (@uncle_tito_6) Денес, кога поголемиот дел од северна Газа е срамнет со земја од израелското бомбардирање, неговата улога како кловн станува необично важна и трагично трогателна. „Не знам дали повторно ќе ги видам децата, но се трудам да им ја вратам радоста барем за момент“, рече тој, објавува The Independent. Кловн среде урнатините Во реалноста каде што водата и храната станаа луксуз, секое утро Тито ја облекува својата кловновска униформа и, заедно со група волонтери, се упатува кон центрите за раселените лица. Таму, меѓу илјадници деца кои ги изгубиле своите домови и многу од своите родители, тој изведува дејствија исполнети со смеа и зрак надеж: магии во кои предметите исчезнуваат, смешни падови, велосипедски трки и игри преку кои децата учат, барем за момент заборавајќи ја војната околу нив. View this post on Instagram A post shared by محمد نايف سالم (@uncle_tito_6) „Газа има едно од најмладите популации во светот - речиси половина од луѓето тука се под 18 години. И нивното ментално здравје е целосно уништено“, вели Тито. Истражување спроведено од локална невладина организација со поддршка на Алијансата за деца на војната откри застрашувачки податоци: • 96% од децата веруваат дека им се заканува непосредна смрт • 79% имаат кошмари • 72% покажуваат знаци на агресија • 49% од децата велат дека сакаат да умрат Се проценува дека повеќе од 17.000 деца се без придружба затоа што нивните родители се убиени или исчезнати. „Тоа се единствените моменти кога се смеат. Можеби мојот настап е единственото добро нешто во нивниот ден“, признава Тито. Среде насмевката на кловн – лична трагедија Но, и покрај шарените костуми и навидум веселата мисија, Тито не ја крие својата болка. „Денес беше еден од најтешките денови. Не јадевме. Се обидував да најдам храна за моите мали сестри. Нашата куќа беше уништена, сега живееме во засолниште. Имаме седуммина. Имаме среќа што сме живи.“ Тој опиша како често се слушаат беспилотни летала и експлозии во позадина. „Бомбардирањето не престанува.“ Тие беа застрелани еднаш додека настапуваа во училиште. Неговото семејство веќе беше рането пред да биде уништен нивниот дом. „Денес дознавме дека сопругот на мојата постара сестра Шахд е убиен. Не можам да ја опишам болката“, рече Тито. „Сакам да ги насмеам сите деца во светот“ Иако е во војна, Тито верува дека го пронашол својот повик во животот - да им го даде на децата детството што им е одземено. „Верувам дека смеата може да го надмине звукот на беспилотните летала. Верувам дека секоја насмевка е чин на отпор. Ја сакам мојата работа затоа што им го давам на децата она што никој друг не може - надежта“. View this post on Instagram A post shared by محمد نايف سالم (@uncle_tito_6) На крајот, тој вели: „Сонувам дека еден ден ќе можам да ги насмеам сите деца во светот. Се надевам дека луѓето ќе нè слушнат. Децата во Газа заслужуваат радост, тие заслужуваат живот“.Тагови: Газа кловн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Кристијано Роналдо се прости од репрезенативниот дрес на Португалија!Долгогодишниот капитен на фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за националниот тим. Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, ставајќи крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера. „Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо покрај видеото. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, со што стана најдобар стрелец и рекордер според бројот на настапи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал во светски рамки. Кристијано дебитираше за Португалија во далечната 2003 година и во текот на повеќе од две децении стана симбол на националниот тим, како и еден од најзаслужните за најголемите успеси на португалскиот фудбал. Со капитенската лента на раката, тој ја предводеше репрезентацијата до титулата европски шампион во 2016 година, како и до трофејот во Лигата на нации во 2019 година, а настапи на дури пет светски првенства и шест европски првенства. Одлуката за повлекување доаѓа по елиминацијата на Португалија од Светското првенство во 2026 година. Роналдо претходно навести дека размислува за завршување на својата репрезентативна кариера, но тогаш одлучи да продолжи да игра за националниот тим. Неговото заминување доаѓа и по еден бурен период во репрезентацијата, кој вклучуваше несогласувања со селекторот Жорже Жезус, откако тој остана на клупата за резервни играчи за време на победата на Португалија над Норвешка во Лигата на нации, одиграна во септември. Иако претходно изјави дека сè уште му стои на располагање на селекторот, преку објава на социјалните мрежи тој потврди дека сега дефинитивно одлучил да стави крај на својата приказна во националниот тим. Така, Португалија останува без долгогодишен капитен, најдобар стрелец и играч кој повеќе од две децении беше заштитно лице на репрезентацијата. Бројките што ги остава Роналдо зад себе зборуваат сами за себе: 234 настапи, 146 гола, титула од Европското првенство и трофеј од Лигата на нации. Една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаиДвете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки. Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи. Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банкаНаместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. „Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ. Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред. “Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци. „Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски. „Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook