Клоп: Зошто да играме на Нова година кога нема да не даваат на ТВ - Канал 5

Клоп: Зошто да играме на Нова година кога нема да не даваат на ТВ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, традиционално се противи за празничниот распоредот во Премиер лигата.

Клоп: Зошто да играме на Нова година кога нема да не даваат на ТВ
- Имаме многу натпревари, но најтешкото допрва доаѓа. Сакам јавно да прашам зошто никој не игра во средината на неделата во првите 7 дена од јануари? Не е јасно што би се случило ако се поместат термините неколку дена. Треба да играме на 30 декември, а потоа на 1 јануари. Лесно може да се поместат натпреварите на 2 или 3 јануари и не гледам тука проблем, изјави Клоп.

Да, традицијата е да се одигра на Нова година. Но, натпреварот со Барнли нема да биде на ТВ, никој нема да го види, зошто треба да се игра тој ден? Ова е некакво лудило, додаде германскиот стручњак.

Ливерпул на 30 декември 2017 година е домаќин на Лестер, а на 1 јануари 2018 година гостува кај Барнли. Двете средби почнуваат во 16 часот.

Фудбал во најсилната англиска лига ќе се игра и во очи Нова година. Три натпревари се закажани за 31 декември, последниот од нив е со почеток во 17:30 часот меѓу ВБА и Арсенал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американец ќе биде јавно погубен пред стрелачки вод, ќе има пренос на ТВ, одобрил Трамп

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за Би-Би-Си дека погубувањето на Нидал Хасан, кој уби 13 невооружени американски војници во Форт Худ во 2009 година, ќе биде емитувано во живо. 

Американец ќе биде јавно погубен пред стрелачки вод, ќе има пренос на ТВ, одобрил Трамп

Се верува дека тоа е првото јавно погубување во САД по речиси еден век.

„Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат и погубувањето да биде јавно. Луѓето треба да разберат дека овие дела имаат сериозни последици“, рече Хегсет.

Но, одлуката не наиде на одобрување од некои во јавноста.

„Одлуката за емитување на погубувањето во живо е преседан во модерната ера и е во правна територија која сè уште не е доволно разјаснета“, рече Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт.

Пентагон објави претходно оваа недела дека Хасан ќе биде погубен, што е прво погубување на член на американската војска по повеќе од 60 години.

Хегсет во интервју за конзервативниот „Вистински глас на Америка“ рече дека Хасан ќе биде погубен со стрелачки вод, извршен од војници.

На прашањето дали Хасан имал некои последни барања или се обидел да контактира со претседателот Доналд Трамп, Хегсет даде ладен одговор.

„Не ми е гајле. Ќе се видиме на 3 декември“, рече тој.

Портпаролот на Пентагон изјави дека Трамп ја одобрил препораката на министерот за одбрана. Би-Би-Си побара коментар од Белата куќа за тоа дали претседателот поддржува пренос во живо на јавна егзекуција.

Иако минатата година беа регистрирани повеќе од 2.700 егзекуции во 17 земји, само две земји извршија јавни егзекуции.

Според Амнести Интернешнл, Иран регистрирал 11 јавни егзекуции во 2025 година, а Авганистан уште шест.

Егзекуцијата на Нидал Хасан е закажана за 3 декември во Форт Худ во Тексас, објави во вторник секретарот на американската армија. Тоа ќе биде првата егзекуција со стрелачки вод во американската војска од крајот на Втората светска војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска

Апелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на  Вања, Александар Ѓорчевски.

Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска

Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски

„Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација.

Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити

 Според фудбалскиот портал „Football Insider“, кој се повикува на сопствени извори следното лето по истекот на договорот, хрватскиот репрезенативец Матео Ковачиќ да го напушти Манчестер Сити.

Англиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити

Извештаите укажуваат на тоа дека во моментов не се водат преговори за продолжување на договорот на 32-годишниот хрватски фудбалер од средниот ред.

Ковачиќ остана во Сити во текот на летото иако му преостануваше помалку од една година од договорот и се поврзуваше со неколку други клубови.

Тој сакаше да се докаже пред Енцо Мареска по разговорите со претставниците на клубот, но моментално се соочува со тешкотии да обезбеди редовна минутажа.

„Football Insider“ пренесува дека, доколку не дојде до промена на ситуацијата, Ковачиќ ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот следниот јуни.

На неговата иднина влијае и неизвесната ситуација во Манчестер Сити. Клубот поднесе жалба на одлуката со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а засега не се знае кога ќе биде донесена одлука по таа жалба. Исто така, не е јасно со какви казни би можел да се соочи клубот.

Ковачиќ му се приклучи на Манчестер Сити од Челзи во 2023 година и оттогаш има одиграно 102 натпревари за клубот.

Минатата сезона настапи само девет пати откако претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива.

„Football Insider“ пренесува дека се очекува неколку големи клубови да покажат интерес за Ковачиќ пред следното лето, кога тој би можел да стане слободен играч. Во моментов, склучувањето нов договор со Сити не се смета за веројатно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер