Клоп ќе добие 250 милиони фунти за нови играчи - Канал 5

Клоп ќе добие 250 милиони фунти за нови играчи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе добие 250 милиони фунти за летна селекција, објавија локалните медиуми.

Клоп ќе добие 250 милиони фунти за нови играчи
Раководството на „црвените“ сака Клоп да изгради конкурентен состав, кој ќе се бори со Манчестер Сити за титулата во следната сезона.

Трансфер цел број 1 за тимот до „Енфилд“ е офанзивниот играч од средниот ред Тома Лемар од Монако. Дваесет и шест-годишниот Лемар, кој има три гола и осум асистенции во 33 натпревари оваа сезона за францускиот клуб, е поврзуван за заменик плејмејкерот Филипе Кутињо, кој беше продаден на Барселона во зима.

Дефанзивниот играч од средниот ред, Емре Чан речиси сигурно го напушта „Енфилд“ на слободен трансфер во текот на летото, а Клоп го идентификувал Жоржињо од Наполи за неговиот пост. Дваесет и шестгодишниот Бразилец има четири гола и четири асистенции на 34 натпревари за италијанскиот клуб во текот на сезоната. Тој се проценува на 50 милиони фунти.

Ливерпул има одлична сезона, откако стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите и се бори за второто место со Манчестер Јунајтед во англиското првенство./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потонал

Два брода беа нападнати од дронови во близина на бугарскиот брег на Црното Море, при што еден од нив потона. Премиерот Румен Радев ја потврди веста и изјави дека ова е втор таков инцидент во изминатата недела.

Два брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потонал

Бродот „Челзи 3“, во сопственост на украинска компанија и кој пловел под малтешко знаме, бил погоден од три дрона околу 1:30 часот по полноќ. Нападот се случил на приближно 18 наутички милји, односно 33 километри, од бугарскиот брег.

Екипажот се состоел од седум Украинци и осум Азербејџанци. Сите биле спасени, а пет члена на екипажот добиле медицинска помош, но никој не бил сериозно повреден.

За вториот брод, за кој официјалните лица дознале на вонредна седница на Советот за безбедност, било потврдено дека потонал на околу 17 наутички милји источно од Крапец. Според првичните информации, спасен е еден член на екипажот.

Политички реакции

„Ова е целосно неприфатливо – уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води“, рече Радев во телевизиско обраќање. Тој најави дека има намера да разговара за инцидентот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Премиерот истакна дека нема јасни докази за тоа кој го извршил нападот, но додаде дека исходот ѝ оди во прилог на Руската Федерација. Поради овој настан, тој најави дека ќе ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова на разговор. За инцидентите се известени и постојаните претставници на Бугарија во НАТО и во Европската унија.

Бугарија не граничи со Украина или Русија, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и двете завојувани страни имаат важни пристаништа. Постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади со дронови извршени од Русија паралелно со војната во Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница на која своите кандидатури ќе ги претстават петте пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Кандидатите според официјалната кандидатска листа, се Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија раичевиќ,, како и обвинителите од ОЈО ГОКК – Искра Хаџи-Василева и Фатон азизи.

Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8 до 16 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици

​Претседателот на СДС, Венко Филипче долго време јавноста го гледа како се ставил во улога на бугарски амбасадор кој ги застапува бугарските позиции, на штета на македонските интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици

Арно ама, штом Филипче виде дека такво нешто не поминува кај граѓаните, дека народот не сака ново предавство по примерот на Зоран Заев, кој за да дојде на власт прифаќаше се и потпишуваше договори на бланко бели лист хартија, сменил тактика.

Венко Филипче, одлучил да смени руво и од бугарски амбасадор да стане партизан, па така пред некој ден зел и да маршира по прилепските улици, со одвај 300 поддржувачи.

Кое лицемерие од страна на Венко Филипче, од една страна, постојано ги промовира барањата и ставот на Румен Радев за внесување на Бугарите во Уставот, а од друга страна, учествува на марш посветен на борбата против фашистичките окупатори.

Затоа, јавно го прашуваме Филипче, против кого маршираше викендов, против бугарските фашистички окупатори или против бугарските администратори, како што со Заев ги нарекувале Бугарите за периодот на Втората светска војна.

А, токму тоа е и причина што мал број луѓе му се придружија на таканаречениот марш, што е доказ дека, освен луѓе на Заев, поголема маса на поддржувачи Филипче и не може да привлече.

Филипче е прочитан и од партиските членови и активисти на СДС и од граѓаните, тоа го покажуваат и последните истражувања на јавното мислење, каде Венко има рејтинг 3%, а партијата под негово раководство 5%.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер