Клоп денеска повторно ќе седне на клупата, но ќе води само еден натпревар (ВИДЕО) - Канал 5

Клоп денеска повторно ќе седне на клупата, но ќе води само еден натпревар (ВИДЕО)

Скоро четири месеци откако го водеше последниот натпревар на клупата на Ливерпул по девет години работа на „Енфилд“, Јирген Клоп (57) денеска од 17 часот ќе им се врати на тренерските обврски.

Клоп денеска повторно ќе седне на клупата, но ќе води само еден натпревар (ВИДЕО)

Сепак, ќе биде кратко, без преголем резултатски оптоварување и ќе трае само 90 минути. Клоп ќе го прекине одморот за повторно да седне на клупата на Борусија Дортмунд.

Клоп го предводеше англискиот великан во 489 натпревари и освои осум трофеи и два пати беше прогласен за најдобар тренер во светот, а во јануари објави дека се повлекува на крајот од сезоната. Тој неодамна повтори дека нема намера повторно да се активира како тренер. „Толку од мене како тренер. Не дадов отказ по каприц, тоа беше општа одлука. Исто така, веќе ги тренирав најдобрите клубови во светот“, истакна тој.

Клоп помина седум успешни години во Дортмунд помеѓу 2008 и 2015 година, освојувајќи 180 од неговите 319 натпревари на чело на клубот. За тоа време, двапати ја водеше Борусија до титулата во Бундеслигата и до националниот куп и речиси ја освои Лигата на шампионите, губејќи го финалето против Баерн во 2013 година.

Сепак, ќе ја прекрши изјавата дека повеќе нема да тренира никого, макар и на кратко, за да го води тимот во прошталната партија на Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски од Дортмунд. И двајцата одамна го напуштија клубот (Пишчек беше во Дортмунд од 2010 до 2021 година, Блашчиковски од 2007 до 2016 година) и се пензионираа, а својот проштален натпревар ќе го добијат сега, беше потврдено со хумористично видео на 16 август.

Во промотивното видео на социјалните мрежи, Пишчек го иницираше повикот со Блашчиковски велејќи: „Мате, имаме проштален натпревар, го знаеш тоа? Ни треба тренер и имам идеја, ќе повикаме пензиониран тренер“. Клоп потоа влезе во кадарот носејќи црни очила за сонце и рече: „Конечно ја имаш својата проштална игра. О Боже мој. Сакаш и ти да тренираш, дали си глупав?“

На прашањето дали ќе раководи со еден или со двата тима, Клоп одговори: „Не ми е гајле. Го правам тоа како порано, почнувам да размислувам за тоа пет минути претходно“. Видеото заврши со „Kloppo ist dabei“, што во превод значи „Клопо е тука“, потврдувајќи го неговото учество во играта за почит за ѕвездите на Дортмунд. Меѓу другите, ќе се појават актуелниот шеф на Дортмунд, Нури Сахин, Невен Суботиќ, Себастијан Кел и Марсел Шмелцер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. 

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат.

Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините.

Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден

Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој.

За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел.

Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната

Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1.

Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Библија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз

Импровизирана експлозивна направа со гасни боци е пронајдена во станот на 39-годишен осомничен во пукотница во францускиот департман Ивлин во близина на Париз, во која загина едно лице, а петмина беа ранети, соопштија извори блиски до истрагата. 

Библија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз

Истражителите, исто така, пронајдоа копија од книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“, како и Библија и Куран за време на претресот, објавија BFM TV и дневниот весник Le Monde.

Маж пукал во неколку луѓе од автомобил во Ивлин, во западниот париски регион, во петокот, а подоцна бил уапсен во градот Коањер, соопштија француските власти.

Пет други лица се ранети во нападот, од кои тројца се тешко повредени. Меѓу нив имало и 12-годишно девојче. Идентитетот на жртвата сè уште не е познат, а француските медиуми известуваат само дека станува збор за 26-годишен маж.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја опиша пукотницата како „пресвртница“ и го осуди нападот како чин извршен под влијание на расистичка идеологија. Тој ги повика граѓаните да не се повлекуваат од идеите што се сè пораспространети и можат да го оправдаат таквото насилство.

Според француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (PNAT), осомничениот Кевин Т. не е регистриран во базата на податоци S, која вклучува лица кои претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, но е познат на полицијата по претходни кривични дела.

Осомничениот е уапсен во Коињер од страна на припадници на Бригадата за борба против криминалот (BAC).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер