Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЗабаваКлои и Тристан повторно раскинаа, виден e како оди во соба со три девојки Клои Кардашијан и Тристан Томпсон повторно раскинаа, велат нивните пријатели кои ја потврдија веста за Page Six.До раскинувањето, наводно, дошло откако манекенката Сиднеј Чејс изјавила дека имала афера со Тристан додека тој сè уште бил со Клои. Дека тие раскинале се дознало дури откако Тристан бил повторно фатен во друштво на непознати девојки. Дејли Меил објави дека Тристан бил виден како влегува во една соба во Бел Ер со три девојки. Тоа се случило само еден ден откако тој вечерал со Клои и нивната ќерка Тру. View this post on Instagram A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13) "Тристан отиде во една од собите, каде што луѓето одат да се смуваат. Тој беше со три девојки и уште едно момче. Една од девојките е редовна забавувачка", изјавил извор за Дејли меил. Тристан, наводно, останал во собата половина час, а потоа излегол разбушавен. "Кога излезе, кошулата му беше неуредна и изгледаше разбушавено. Продолжи да се забавува уште околу еден час, а потоа, околу четири часот наутро, ја напушти забавата", додаде изворот. Само што пристигнал на забавата, Тристан наводно започнал да пие алкохол и постојано фаќал една девојка за задникот. Со неа потоа отишол во собата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСавески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во АнталијаЈавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”. Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата. “Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги. “Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески. На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.Тагови: Савески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклусЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус. Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења. ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter