Кливленд го задржа максималниот ефект - Канал 5

Кливленд го задржа максималниот ефект

Шампионот во НБА лигата, екипата на Кливленд ноќеска ја забележа четвртата победа и го задржа стопроцентниот ефект во новата сезона.

Кливленд го задржа максималниот ефект
Прв пораз запишаа кошаркарите на Сан Антонио, а Мајами по дополнитени пет минути го совлада Сакраменто.

Постигнати резултати:

Кливленд – Хјустон 128:120,
Индијана – ЛА Лејкерс 115:108,
Филаделфија – Орландо 101:103,
Детроит – Њујорк 102:89,
Мајами – Сакраменто 108:96 (по продолжение),
Минесота – Мемфис 116:80,
Њу Орлеанс – Милвоки 113:117,
Сан Антонио – Јута 91:106,
Портланд – Голден Стејт 104:127. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брисел одржан првиот парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел на 26 октомври 2026 година за прв пат се одржа парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО/NAC.

Во Брисел одржан првиот парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел на 26 октомври 2026 година за прв пат се одржа парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО/NAC, на кој беа поканети шефовите на делегациите во ПС НАТО и претседателите на националните комисии за одбрана. Состанокот имаше за цел да ја нагласи ја суштинската улога што ја играат сојузничките парламенти во рамките на Алијансата во спроведувањето на клучните цели договорени на Самитот на НАТО во Хаг во 2025 година и на Самитот на НАТО во Анкара во 2026 година.

Од Собранието на Република Македонија на состанокот учествуваа пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата на Собранието во ПС НАТО и Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.

Состанокот претставуваше единствена платформа на која пратениците разменија мислења со Маркос Перестрело, Претседател на Парламентарното собрание на НАТО, Марк Руте, Генерален секретар на НАТО, Ник Кацарас и Тарја Јакола, помошници на Генералниот секретар на НАТО и со своите колеги од парламентите на земјите членки на НАТО. Споделени беа клучни пораки што парламентарците треба да ги пренесат на своите национални парламенти за да помогнат во забрзувањето на спроведувањето на приоритетите на Алијансата и да продолжат да градат посилна Европа во посилно НАТО. Заклучено беше дека само со заедничка акција на парламентите може да се преточат обврските на Алијансата во национални акции и планови во областите на инвестиции во одбраната, развој на капацитети, набавки и отпорност. Воедно, беа дискутирани модалитетите на соработка меѓу комисиите за одбрана во сојузничките парламенти, Парламентарното собрание на НАТО и НАТО.

Претставниците на НАТО нагласија дека кредибилното одвраќање се потпира на сојузничката кохезија, одржливите инвестиции и брзата испорака на капацитети за одбрана. Трансатлантската врска останува камен-темелник на Алијансата, додека европските сојузници го зголемуваат својот придонес во конвенционалната одбрана и ги засилуваат напорите за исполнување на барањата за развој на капацитетите. Разменети беа најдобри национални практики во спроведувањето на 5% од Хашката обврска за одбрана, истовремено мобилизирајќи ги сојузничките парламенти за да се обезбеди НАТО да има одржлива политичка поддршка и ресурси што му се потребни за да одврати и да се брани од каква било закана на долг рок.

Состанокот ја нагласи улогата што Парламентарното собрание на НАТО и националните парламенти ја имаат во поддршката на приоритетите на Алијансата и обезбедувањето на нивно навремено спроведување и ја истакна улогата на парламентарната дипломатија во подобрувањето на трансатлантските односи и градењето стратешко заедништво меѓу сојузниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер