1Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
НБАКливленд го врати брејкот, Леброн го престигна Коби Екипата на Кливленд ја совлада Индијана со 104:100 и изедначи на 2-2 во првото коло од НБА плејофот.Кавалрис ноќеска славеа на теренот на противникот и го вратија брејкот што го направи Индијана на првиот меч од серијата прв до четири победи. Предводникот до триумфот беше Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со дабл-дабл ефект 32 поена и 13 скока, плус имаше и седум асистенции со две блокади. За Леброн ова беше 221. натпревар во плејофот со што се искачи на шестата позиција на вечната листа, престигнувајќи го Коби Брајант. Пред ѕвездата на Кливленд, на оваа листа се уште петмина кошаркари: Тони Паркер (225), Карим Абдул-Џабар (237), Роберт Хори (244), Тим Данкан (251) и Дерек Фишер (259). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБлокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијатаФранцуските средношколци продолжуваат со блокирање на училиштата барајќи подобри услови за образование.Протестите ескалираа во судири со полицијата, при што учениците палеа канти за отпадоци и фрлаа разни предмети кон полицајците. Демонстрациите пред средните училишта траат уште од минатата недела. Учениците се незадоволни од пренатрупаните распореди, преголемите паралелки и недостигот на наставници, пренесува „Еуроњуз“. Проблем претставуваат и прегреаните училници по неодамнешните топлотни бранови. Движењето започна во регионот Ил-де-Франс (областа околу Париз), каде што образовните власти забележаа блокади во околу десетина училишта. Оттогаш, протестите се проширија и во други градови низ земјата. Судири низ Франција Во Лил, во северна Франција, маскирани ученици се собраа пред средното училиште „Сезар Баџо“. Според фотограф на АФП, тие запалиле канти за отпадоци и уништиле автобуски постојки и билборди. Фрлале шишиња, калдрма и други предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец. 🇫🇷 French high schools blocked as student protests escalate, security forces deployed 💢 Schools in Paris, Saint-Denis, Grenoble and Lille among those affected as students protest overcrowded classes and teacher shortages 🚨 Police fire tear gas at students in southern France… pic.twitter.com/BJjfMFny9x — Anadolu English (@anadoluagency) September 29, 2026 Во Нант, на западот од земјата, тинејџери го блокирале влезот на училиштето „Габриел Гист'о“ користејќи десетици канти за отпадоци. Тензично беше и пред училиштето „Араго“ во Париз, каде што околу триесет ученици се соочија со полициски кордон. Слични акции беа пријавени во Марсеј, Бордо и Лион. Околу осумдесет ученици се собраа пред училиштето „Ламартин“ во Париз. Тие носеа транспаренти со натписи: „повеќе часови на настава отколку спиење“ и „од 8 наутро до 6 попладне – дали сме ученици или затвореници?“. Немири избија и во Рен, пред најголемото средно училиште во Бретања, „Брекињи“, каде што околу стотина ученици фрлаа разни предмети кон зградата. Политички реакции и поширок контекст Ученичките протести се одвиваат во време кога синдикатите организираат национални демонстрации и штрајкови против буџетот предложен од владата на премиерот Себастиен Лекорну, близок соработник на претседателот Емануел Макрон. 🇫🇷 🪧 French high-schoolers formed blockades outside their #schools in Paris and across the country on Tuesday, demanding better conditions and more resources for their educators and themselves ahead of a crucial presidential election. This coincides with a nationwide strike by… pic.twitter.com/Y2i4pofB8O — FRANCE 24 English (@France24_en) September 29, 2026 Се очекува десетици илјади луѓе да се соберат во Париз и во други градови. Наставниците и пожарникарите штрајкуваат низ целата земја, иако јавниот превоз моментално функционира без поголеми прекини. „Гневот е огромен. Ја предупредувам владата дека мора да ги слушне барањата и да го ревидира нацрт-буџетот. Тоа е опасно за земјата и нè води директно кон рецесија со брзина од 200 километри на час“, изјави за „BFM TV“ Софи Бине, лидерката на синдикатот „CGT“. Една 17-годишна ученичка од гимназијата „Ламартин“, која сакаше да остане анонимна, изјави дека се фрустрирани поради недостигот на ресурси, условите во училниците и пренатрупаните распореди. „Тука сме и за да ги поддржиме нашите наставници, кои работат исклучително напорно за платата што ја добиваат“, изјави таа за „AFP“. Премиерот Лекорну вчера изјави дека каква било ескалација на протестите во училиштата би била неодговорна. Тој остро ја критикуваше радикално левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) за поттикнување немири. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека вчера биле уапсени 164 лица и дека протестите опфатиле 180 училишта. „Нема да толерираме неред“, додаде тој. Un blocage scolaire ne devrait pas dégénérer en affrontements physiques. Si ces images sont authentiques, la réaction de la police exige des explications. #France #Lycées pic.twitter.com/5euGJv6J3P — Chloe Dubios 🇫🇷 (@ChloeDubiosl) September 29, 2026 Во сиромашното париско предградие Сен-Сен-Дени, градоначалникот од редовите на „LFI“, Бали Багајоко, им се придружи на стотици ученици на протестот пред гимназијата „Пол Елијар“. Тој ги предводеше учениците во пеењето на „Марсејезата“ и ги опиша протестите како целосно легитимни. Тој предупреди дека посиромашните области добиваат значително помалку средства од побогатите. Извор: Индекс.хрТагови: блокадите Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Македонија„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело СкопјеУтре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензииФилипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата. Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко. Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС. СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари. За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард. Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи. Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти. За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter