Клисовиќ: Да не се забавува евроинтеграцијата на Македонија

Претставникот на хрватската влада пред европратениците во Стразбур беше категоричен: Прашањето за името не смее да се шири понатаму за да не се забави патот на Македонија како нова европска држава.

Хрватскиот заменик-министер за надворешни работи и европски прашања Јошко Клисовиќ рече дека Хрватска ја поддржува и поттикнува Македонија на нејзиниот европски пат, додека во Европскиот парламент зборуваше за европските перспективи на секоја од земјите во регионот, јави МИА.

- Знаеме поради кое прашање не почнаа преговорите во формална смисла. Во таа смисла последниот предлог на преговоарачот на ОН Нимиц заслужува да се разгледа и двете држави потребно е да му дадат соодветно внимание на таквиот предлог. Бидејќи, според мене, дојде време да се донесе одлука и по тоа прашање, рече Клисовиќ.

Претставникот на хрватската влада пред европратениците во Стразбур беше категоричен: - Прашањето за името не смее да се шири понатаму и на другите прашања, за да не се забави патот на Македонија како нова европска држава, рече хрватскиот заменик-министер за надворешни работи и европски прашања.

Тој ја потврди определбата на Хрватска да им даде поддршка на сите партнери од Југоисточна Европа на нивниот пат кон ЕУ, бидејќи подобар пат за реформите нема.

- Не треба да се има страв од проширувањето во другите земји, бидејќи сите земји кои ќе станат членки на ЕУ, во неа ќе влезат по ригорозниот претпристапен процес, кога ќе треба да се усогласат самите себеси со стандрадите на ЕУ и ќе внесат нова перспектива и нова верба во европскиот проект, а таа верба ни е силно потребна, нагласи Клисовиќ.

Хрватска како нова членка на Европската унија ќе се залага за продолжување на процесот на проширување и ќе им помага на земјите-кандидати да напредуваат на тој пат, беше заклучено во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на земјите од регионот.

Претседателот на парламентот на Хрватска Јосип Леко обраќајќи им се на европските пратеници потстети дека денес регионот на Балканот и Југоисточна Европа по почетокот на процесот од Солун е целосно трансформиран.

- Посебно ја поддржувам веродостојната политика на проширувањето на ЕУ како подвижна сила на реформите во државите опфатени со процесот на проширување. Цврсто сум уврен дека магичниот процес на проширувањето се уште не е завршен и дека тоа мислење го делат моите колеги од регионот, истакна Леко. Тој притоа нагласи дека Хрватска ќе продолжи да го дели своето искуство од пристапувањето во ЕУ, со цел да придонесе за соработката, зачувување на стабилноста и унапредување на развојот на Југоисточна Европа.

Според претседателот на хрватскиот парламент, процесот на пристапување во ЕУ е сложен и со големи предизвици, но не смее да се запира зашто се исплаќа да се работи на него.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер