Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
2Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
3СДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните
3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
НБАКлиперси се обвинети за заобиколување на ограничувањето на платите во НБАЛос Анџелес клиперс и сопственикот на клубот, Стив Балмер, се обвинети за заобиколување на ограничувањето на платите во НБА со тоа што му платиле 28 милиони долари на Кавај Ленард, објави „ESPN“.Според поткастерот Пабло Торе, клубот му платил на Ленард преку сега банкротираната компанија „Аспирејшн“, во сопственост на Балмер. Кошаркарот потпишал четиригодишен договор за спонзорство вреден 28 милиони долари во април 2022 година преку неговата компанија „LLC KL2 Aspire“. Договорот дојде девет месеци откако Ленард потпиша четиригодишен договор од 176,3 милиони долари за да остане со Клиперси, максималниот дозволен износ според колективниот договор на НБА во тоа време. Неименуван вработен, за кој се верува дека работел за „Аспирејшн“, рече дека исплатата на Ленард била „неопходна за да се заобиколи ограничувањето на платите“. Портпаролот на НБА, Мајк Бас, потврди дека лигата ќе спроведе истрага: „Свесни сме за медиумските извештаи утрово во врска со Лос Анџелес Клиперс и започнуваме истрага“. Клиперс ги отфрлија сите обвинувања. - Ниту г-дин Балмер ниту Клиперс не го заобиколија ограничувањето на платите, ниту пак направија некаков прекршок во врска со оваа компанија. Секое спротивно тврдење е очигледно лажно, соопштија од клубот. Компанијата која го исплатила Ленард поднесе барање за банкрот во март 2025 година и е под федерална истрага за измама.Тагови: НБА Клиперси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп одбива продолжување на меморандумот за примирје со ИранАмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман, кој важи за близок сојузник на САД. Ако како што рече, се испречи на патот на американските разговори со Иран.Неговото предупредување следи откако Оман почна паралелни преговари со Техеран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, кој е од витално значење за глобалната економија. Иранските власти изјавија дека се блиску до финализирање на договорот со оман што дополнително ги покрена тензиите во Вашингтон во услови кога неговите разговори со иран подолго време се во ќорсокак. Откако вчера истече важноста на меморандумот за разбирање од 60 дена до кога двете страни требаа да постигнат мировно решение, Трамп рече дека не размислува за негово продолжување..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
МакедонијаТошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за МакедонијаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија.По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од столбовите на безбедносниот систем. „Од борбата за слобода и создавањето на македонската државност, преку осамостојувањето, па сè до денешната современа македонска Армија, низ генерациите се протега иста вредност – одговорноста да се чуваат татковината, слободата и безбедноста на граѓаните. Денес со гордост можеме да кажеме дека имаме модерна, професионална и почитувана Армија, која претставува еден од најцврстите столбови на македонската држава и нашиот безбедносен систем. Како Армија на земја членка на НАТО, денес рамноправно стоиме со нашите сојузници и придонесуваме кон колективната безбедност“, истакна министерот Тошковски. Тој ја нагласи и важноста на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Армијата во рамки на целокупниот безбедносен систем на државата. „Како министер за внатрешни работи, особено сум горд на соработката меѓу македонската полиција и Армијата. Кога станува збор за безбедноста на Македонија, имаме иста цел и иста обврска – да ги чуваме граѓаните, државата и нејзините интереси. Силна Армија, силна полиција и силни безбедносни институции значат сигурна и стабилна Македонија“, потенцираше Тошковски. Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, министерот Тошковски вчера положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, како и на вечните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски, оддавајќи почит на оние кои се вградиле во создавањето и развојот на македонската држава. Министерот Тошковски на сите припадници на Армијата им упати искрена благодарност за нивната служба и посветеност кон татковината, честитајќи им го 18 Август – Денот на Армијата и 34-годишнината од формирањето на современата македонска Армија.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓанитеСо Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено.На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО. А се работи за здравјето на луѓето. Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за пиење. 5.000 граѓани завршија во болница. По пет недели, и сега откако велат дека водата е безбедна, нема објавено ниту еден официјален документ кој ќе го потврди тоа. Резултатите од анализите на водата, кои не се објавуваат веќе пет недели, внесуваат несигурност и создаваат паника кај граѓаните. Ако сè е исправно, зошто резултатите досега не се објавени, кога испитувањата се прават секојдневно? Што се крие од граѓаните, додека министерот повикува на транспарентност? Сака да ги објави резултатите од 2017 година, а не сака да ги објави денешните. Тоа само покажува дека нешто не е во ред. Во Скопје ескалира кризата со западнонилската треска. 35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. Од една криза во друга. Од една епидемиолошка закана во друга. Пак задоцнето, сега допрва мерки, сега допрва прскање. Тотален колапс и хаос. Клековски, како и неговиот шеф Мицкоски, ги оставија граѓаните и заминаа на екскурзија. Додека Клековски ја сведува борбата против западно-нилскиот вирусот на апели за пријавување мртви гаврани и празнење на базени, граѓаните секојдневно се изложени на ризик. Ова е уште еден доказ за целосниот распад на системот. Општините не спроведуваат навремено прскање против комарци. Центрите за јавно здравје немаат капацитет за системска ентомолошка контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство реагира само декларативно, без масовни проверки на живината. Резултатот е трагичен: заболени граѓани, смртни случаи и пациенти во критична состојба. Наместо системска акција според протокол - има молк, неспособност и префрлање на одговорноста врз граѓаните. СДСМ бара итна и системска реакција: следење на популацијата на комарци на територијата на град Скопје, лабораториско тестирање на примероци за присуство на вирусот, масовна дезинсекција и уништување на жариштата – канали, бари и водни површини. Да се направи итна контрола на живината и дивите птици, пријавување и тестирање на мртви птици. И, најважно, итна институционална координација помеѓу Министерството за здравство, центрите за јавно здравје, општините и Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните не смеат да бидат единствениот „аларм“ за епидемијата. Владата треба да ги штити нив. Клековски не може да го обезбеди тоа и треба да понесе одговорност. Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter